По Осама, Завахири
Завахири, роден во Египет, со години му беше заменик на Бин Ладен
Ал Каеда го именуваше Ајман ал Завахири за лидер по смртта на Осама бин Ладен, се наведува во соопштението на Генералната команда на организацијата. Бин Ладен беше убиен од американските сили во Пакистан во почетокот на мај.
Во соопштението Ал Каеда „објавува дека шеикот д-р Ајман ал Завахири, Господ да го води, ја ��резема одговорноста како амир (лидер) на групата“. Уште се предупредува дека ќе се продолжи со водењето на џихад или света војна против САД и Израел.
Завахири, роден во Египет, со години му беше заменик на Бин Ладен и во голема мера се претпоставуваше дека ќе го замени на кормилото. Тој е на крајот од петтата деценија од животот. Некои експерти веруваат дека Завахири е „оперативниот мозок“ што стои зад 11-септемвриските напади врз САД. Пред само една недела Завахири предупреди дека Бин Ладен ќе продолжи да ги „преплашува“ САД дури и од гробот.
Во видеопораката емитувана на интернет на 8 јуни Завахири вели дека Ал Каеда ќе продолжи со борбата. „Шеикот замина, Господ да му се смилува, кон неговиот бог како маченик и ние мора да продолжиме по неговиот пат на џихад за да ги истераме освојувачите од земјата на муслиманите и да ја прочистиме од неправдата“, изјави Завахири. „Денес, благодарение на Господ, Америка не се соочува со индивидуалец или група, туку со бунтовна нација што се разбуди од својот сон во џихадистичка ренесанса“. (Би-Би-Си) |