Број 3086  вторник, 15 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт

Челзи и традицијата против Порто во Лигата на шампиони

Челзи се надева деке вечерва во рамките на групата Д против Порто на домашен терен ќе го продолжи својот тренд на добар почеток на сезоната во фудбалската Лига на шампионите. Лондончани дури пет од своите седум досегашни учества во ЛШ стартуваа со победа, вклучувајќи ја и таа од 4:0 против Бордо на „Стемфорд бриџ“ минатата година.

Двата клуба два пати се имаат сретнато во ЛШ - во првиот нокаут-филтер во сезоната 2006/2007, како и во групната фаза две сезони претходно. Тоа беше прва сезона за екстренерот на Челзи, Португалецот Жозе Мурињо, кој дојде токму од Порто, со кого во претходната сезона (2004) триумфира во ЛШ. Челзи го доби првиот дуел во сезоната 2004/2005 со 3:1 во Лондон, но во реваншот загуби со 2:1. Во втората пресметка „сините“ прво ремизираа 1:1 во Порто, за потоа дома да слават со 2:1 и да се пробијат во четврт-финалето.

Челзи нема пораз во 18 натпревари во низа на „Стемфорд бриџ“ во Лигата на шампионите од февруари 2006 наваму, кога загуби од Барселона со 2:1.

Двојки за вечерва (20,45 ч.), група А: Јувентус - Бордо и Макаби - Баерн Минхен; група Б: Волфсбург - ЦСКА - Москва и Бешикташ - Манчестер јунајтед; група Ц: Цирих - Реал Мадрид и Марсеј - Милан; група Д: Челзи - Порто и Атлетико Мадрид - Апоел.


#
Статијата е прочитана 424 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Руски рулет за македонските кошаркари
Репеша
Само Работнички и Силекс без пораз сезонава
Ставрев ќе суди во Молдавија со дури петмина помошници!
Клајстерс ја комплетира бајката во Њујорк
Триумфален крај на сезоната од сништата за Болт
Јосифоска скокна 72 места на ВТА-листата, на која сега е 503.