Број 3086  вторник, 15 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт

Руски рулет за македонските кошаркари

Со победа од седум коша над европскиот шампион, одиме сигурно во четвртфиналето на ЕП во Полска

Наум Котевски

Победа над Русија од седум коша разлика во денешниот решавачки последен меч од групата Е во Бидгошч (15,45 ч.) е идеалната варијанта која ја води Македонија во четвртфиналето на ЕП во Полска. Идеална затоа што во тој случај за време на натпреварот меѓу Хрватска и Германија, кој се игра во 21 часот, може да си „тргаме сеир“.

Доколку, пак, ја совладаме Русија со помалку од седум поени, тогаш ќе мора да се надеваме дека Германија ќе им ги растури коцките на „коцкестите“.

„И кога не играат против нас Грците не зафркаваат“, си удираа шега на сопствена сметка на интернет форумите македонските навивачи. Мајтапот беше на место зашто токму Грција со поразот од Русија, инаку прв на европската смотра, ја направи оваа „коларичу паничу“ ситуација во нашата група.

Како и да е, селекторот Арсиќ и неговите кошаркари се обидуваат да излезат од магичниот круг на математиките и да се сконцентрираат само на мечот со Русија. Тие на двапати успеаја со чист ум да излезат од наметната лузерска позиција од Грција и Франција и да се трансформираат во победници, што е за поздравување. Но сега треба да и го зададат последниот удар на големата Русија. Сите се едногласни дека може да и приредат уште една радост на македонската јавност, иако признаваат дека се незадоволни од медиумсскиот третман, како и од коментарите на навивачите по поразот од Франција.

„Постоеше размислување да не даваме изјави. Мислам дека не заслуживме да бидеме претставени како тим кој не знае да игра кошарка. Но, на крајот одлучивме се да заборавиме и крајно релаксирано да влеземе во мечот со Германија. Расположени и ведри, со пица и кока кола, пред да дојдеме во салата, но со огромни мотиви. Досега игравме за нас и за Македонија и за сите вистински навивачи. Така ќе биде е денеска со Русија“, порача нашиот центар Перо Антиќ.

За да се дојде до победа против Русија нема да биде доволна само играта под наслов „срце на терен“, како познатата навивачка порака, туку многу памет и разновидност како на мечот со Германија, во кој покажавме дека не сме само „алиби шут за три“ екипа. Особено во вторио�� дел Врба и Мираковски, покажаа како се создава вишок, а центрите знаеја да го следат тоа. Против Русија сигурно ќе биде потешко. Иако, актуелниот европски шампион е еден од најнесреќните тимови на ова ЕП, поради отсуството на Кириленко, Хријапа и Холден, сепак, во втората фаза од натпреварувањето докажа дека има млад тим, кој никако не смее да се потцени. Русија стартуваше очајно. Ја совлада во групата само слабата Летонија со 81:68, а загуби од Германија со тројка во последните секунди, како и од Франција со 69:64. Но потоа се издигна над своите можности и колку толку го врати разнишаниот углед. Ги совлада и Хрватска и Грција со по три разлика 62:59 и 68:65.

„Никој тука не е толку млад и неискусен како нас. Да се победат Хрватска и Грција во три дена на ваков драматичен начин, на кој што ние го направивме, е неверојатно. Сега, мора да го заокружиме успехот против Македонија. Тоа ќе биде тежок дуел во кој не смее во ниту еден момент да се опуштиме“. предупреди селекторот Дејвид Блат.

Како што напишаа хрватските колеги по поразот на нивната репрезентација до Русија „овие руски момчиња за разлика до Кириленко, Хријапа и Холден, кои знаеја на паркетот да земат здив, во одбраната никогаш не застануваат“. Тие се како термити. Кога еднаш ќе ви влезат во куќа, не излегуваат.

Доказ за тоа е последната победа над Грција, во која Русите успеаја најдобриот офанзивен тим на ова ЕП да го сопрат на само 65 коша. Инаку, базата на рускиот тим ја сочинуваат Сергеј Моња од Динамо Москва и тандемот на Кимки - натурализираниот Американец, замената за Холден, Кели Мекарти и центарот Тимотеј Мозгов.

Токму комбинација од 33 коша на Моња и Мекарти беше најзаслужна за победата на Грција. Секако и играта на 215. см. високиот Мозгов, кој откако ги излуде центрите на Хрватска, давајќи им 18 коша со пет скока, добро го отвораше рекетот и на Грците, но и реализираше 10 коша. Македонските кошаркари никако не смеат да заборават и на Сергеј Биков од Динамо Москва, кој досега реализираше 47 коша, како и на најдобриот асистент во рускиот тим, 200. см. високиот Панкрашов, соиграч на Мекарти и Мозгов во Кимки.

Со сите овие карактеристики на рускиот тим нашите кошаркари можеа да се запознаат и на подготвителниот меч во Словенија во кој загубивме, но тоа не значи дека сега може да биде обратно.

„Да, игравме во Словенија со нив. Не се толку силни како во минатите сезони, бидејќи им недостасуваат тројца одлични кошаркари. Но, и сега играат цврсто, доста се високи и пред се добро го затвораат рекетот. Во првиот круг не импресионираа. Влегоа во втората група со нула бодови како и ние. Но во вториот круг со победите над Хрватска и над Грција покажаа дека никогаш не смеат да се потценат“, вели Гечевски, кој просечно игра 20 минути, во кои досега реализираше 44 коша со 4,8 скока по натпревар.

Селекторот Арсиќ смета дека ако ја повториме играта од вториот дел против Герамнија може да се радуваме и против Русија. „Пресреќни сме што успеавме да ја победиме Германија. На тој меч имавме премногу херои. Тоа значи дека игравме разновидна кошарка. Диме Тасовски погоди важни шутеви, Мираковски ја искористи дадената шанса, а Врба беше како во најдобрите денови. Мејси и Антиќ беа одлични. Тимска победа, која ни дава поголема самодоверба во денешниот меч со Русија. Во него мора да изгинеме, да дадеме се од себе и да стигнеме до огромен успех“, порача Арсиќ.

Денеска на програмата



Група Е: Русија - Македонија (15,45 ч.), Франција - Грција (18,15), Германија - Хрватска (21 ч.)

Резултати од 2.коло: Македонија - Германија 86:75, Грција - Русија 65:68, Хрватска - Франција 79:87.


#
Статијата е прочитана 938 пати.

Испрати коментар

Од: Koljo
Датум: 15.09.2009 03:12:15
Grcija si napravi edna lesna matematika na steta na Makedonija,zatoa sto im dozvoli na Hrvatska da gi pobedat , za na Makedonija patot do cetvrtfinaleto da i go napravat sto e mozno po trnovit ili nevozmozen. No , mislam deka so takviot Grcki kalkulantski poraz, moze samo da gi motiviraat nasite kosarkari i da stignat do potrebnata pobeda.Napred Makedonija !
Од: majce
Датум: 15.09.2009 12:11:41
Ako ova poslednava izjava na selektorot mu znaci nesto, togas navistina mozeme da se nadevame na iznenaduvanje- pobeda.Ako pak povtorno si pravi eksperimenti so neiskusni igraci, togas samiot si kopa ,,grob,,.Negovite greski gi plaka Makedonija.......Napred za nova pobeda!!!!!!!!

Најди! во Утрински
Спорт
Репеша
Само Работнички и Силекс без пораз сезонава
Ставрев ќе суди во Молдавија со дури петмина помошници!
Клајстерс ја комплетира бајката во Њујорк
Триумфален крај на сезоната од сништата за Болт
Челзи и традицијата против Порто во Лигата на шампиони
Јосифоска скокна 72 места на ВТА-листата, на која сега е 503.