Јосифоска скокна 72 места на ВТА-листата, на која сега е 503.
Освоениот фјучерс во босанскиот град Брчко ја искачи Александра Јосифоска дури 72 места на ВТА-листата во поединечна конкуренција, на која од вчера се наоѓа на рекордното 503. место за неа во кариерата. Осумнаесетгодишната најдобра македонска тенисерка неделава го има и својот највисок ранкинг во двојки, каде што е 543., односно 14 позиции погоре од последната листа објавена пред Ју-Ес опен. Таа неделава ги продолжува настапите во Босна и Херцеговина, овој пат во Добој, каде што ќе биде прва носителка на турнирот на земја и со награден фонд од 10.000 американски долари. (Р.Д.) |