Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Македонија и Албанија ќе ја интензивираат економската соработка

ДРАЧ - Македонија и Албанија имаат добра политичка соработка на сите нивоа, но треба да се интензивира соработката на економски план, оценија по вчерашната работна средба во Драч македонскиот и албанскиот претседател Бранко Црвенковски и Бамир Топи.

Според претседателот Црвенковски, од година во година се зголемува нивото на трговската размена и годинава таа изнесува околу 100 милиони евра, што, како што рече, е под реалните можности на двете економии, а уште повеќе кога ќе се земе предвид дека структурата на стопанството во Македонија и во Албанија не е конкурентна, туку е комплементарна.

„Ме радува фактот што се' повеќе македонски фирми и компании отвораат свои претставништва во Албанија и на тој начин почнуваат бизнис“, истакна македонскиот претседател. Од друга страна, како што додаде тој, не треба да се заборави фактот дека Драч може да биде не само сериозна алтернатива на Солун во однос на македонската економија туку може да даде поквалитетна понуда за македонските фирми и компании.

Тој додаде дека за да се случи тоа не се важни само перформансите на пристаништето во Драч туку и сообраќајната поврзаност меѓу Македонија и Албанија и затоа изградбата на Коридорот 8 е од примарно значење.

Албанскиот претседател, одговарајќи на новинарско прашање за енергетското поврзување меѓу двете земји, нагласи дека за вакви значајни прашања не е потребна политичка реторика, имајќи предвид дека и Македонија и Албанија ги имаат симптомите на енергетска криза.

„Албанија е за заедничка соработка во однос на производство на енергијата и постои интерес за изградба на мали хидроцентрали, но и тенденција за преминување од хидро кон термокапацитети“, додаде Топи. (МИА)


Статијата е прочитана 194 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Јован Вангеловски - нов претседател на Врховниот суд
Треба да се разговара само за тоа каква табличка ќе има Македонија во ОН
Атина бара мерки против „провокациите“ на Скопје
Нова мониторинг-мисија за Mакедонија?
Караманлис ќе ги отфрли „провокациите“ на Груевски
Словенците најмногу сакаат да ја видат Македонија во ЕУ
Албанија не се меша во разговорите за името
Изборните ујдурми масло на службеници, полицајци, цариници...
Мејер- Работничките права мора да се почитуваат
Ахмети- Неизбежно признавање на косовската независност
Македонските мировници се вратија од БиХ