Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Изборните ујдурми масло на службеници, полицајци, цариници...

Претседател на избирачки одбор во Тетово тепал набљудувач, полицаец, полнел гласачка кутија

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Ујдурмите што се случија на 1 јуни, денот на предвремените парламентарни избори, се масло на полицајци, цариници, службеници, но и на првите луѓе во избирачки одбори. Ова е констатирано во последните, осум кривични пријави на СВР - Тетово што се водат против 40 лица за кои се смета дека учествувале во нарушување на изборниот процес.

За еден од случаите било поднесено барање за истрага, потврдија вчера во Основното јавно обвинителство - Тетово. Што се однесува до другите седум кривични пријави, осомничени се 34 лица за кривични дела спречување избори и гласање, злоупотреба на избирачко право, повреда на избирачко право, непријавување кривично дело или сторител. За докажување на овие дела во процесите што следуваат ќе продефилираат над 200 сведоци.

Во ОЈО - Тетово истакнуваат дека имале повеќе предлози за притвор, но не биле прифатени. За настаните во Текстилниот училиштен центар во Тетово биле потврдени сознанијата за учество на седум лица во извршување кривично дело спречување избори и гласање поради што е проследено барање за истрага. Осомничени се тројца блиски роднини: Агон, Бесник и Елам И., Муамет и Тафиљ А., Илиријан С. и Наким А., сите од Тетово. Илберт А. (29), во својство на претседател на избирачкиот одбор, и Сабри Т. на избирачкото место во ОУ „Кирил и Методиј“ употребиле пиштол и неколку пати удирале по глава овластен набљудувач откако претходно не му дозволиле да присуствува на гласачко место.

На друго избирачко место во истото текстилно училиште Гајур А. (32), Фатмир М. (38), Нехад Р. (44), и Албан Ј. (31), сите од Тетово, физички нападнале набљудувач удирајќи го со клоци и тупаници. Полицаецот Арменд Г. (28) од Голема Речица, заедно со Кренар О. (31), Самие М. (33), членка на избирачки одбор, полнеле гласачка кутија на избирачко место на МУЦ „Никола Штејн“. На избирачко место во СЗУ „Моша Пијаде“, Сабри Т. (29), заедно со царинските работници Насер Б. (29) и Илми Б. (35), како и Хуреме Г. (52), Зулќуфли Б. (43), Бесир А. (24), Фљорим Б. (27), Мухамед А. (27), и Илир М. (35), обвинети се за повреда на избирачкото право и уништување изборни исправи.

На друго избирачко место во СЗУ „Моша Пијаде“ дури девет лица се осомничени дека како поголема група помогнати од заменик-претседател на ИО полнеле гласачки кутии откако употребиле сила и огнено оружје. На тоа се спротивставил набљудувач, но неговата забелешка не била ставена во записник. Така наместо еден, биле направени два записници. Осомничени се Кренар О. (39), Кренар И. (33), Агон И. (24), Куртиш К. (27), Шефкет Б. (44), Ленче П. (50), Аслан М. (33), Сериете А. (42) и Ваљбона Ј. (33). Дел од нив биле членови на избирачки одбор, а инцидентот не го регистрирале во записник.

Во Боговиње, пак, на Избирачкото место 2.272, група од шест лица, меѓу кои еден со пиштол кој го вперувал кон присутните, конфискувале гласачки ливчиња и ги заокружувале. Откако забележале дека немаат втор печат, насилно го одзеле. Случајот ниту бил пријавен, ниту констатиран во записникот. Осомничени се Али А. (38), Насер Ш. (24), Сејфула И. (34), Блерим Р. (34), Мухарем С. (38) и Садуш Ф. (46), сите жители на селото Боговиње. Сељам Т. (33), пак, со поголема група, се' уште непознати лица, на гласачкото место 1.930 во Тетово, заканувајќи се со оружје, полнеле гласачки кутии и ги принудувале претседателот и членовите на Избирачкиот одбор да го потпишат записникот.


Статијата е прочитана 380 пати.

Испрати коментар

Од: pegasus
Датум: 18.07.2008 15:07:29
ete sto napravi dpa,ne svatija deka narodot ne mozes da go pobedis.istorijata go pokazuva toa,narodot sekogas pobeduva,dole site vojvodi i nivnite pioni.pamet na glava druk pat pazete crno vi se pisuva.da seosudat site ama bas site,prvi treba da bidat refet elmazi.leka,ruzica...........

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Македонија и Албанија ќе ја интензивираат економската соработка
Јован Вангеловски - нов претседател на Врховниот суд
Треба да се разговара само за тоа каква табличка ќе има Македонија во ОН
Атина бара мерки против „провокациите“ на Скопје
Нова мониторинг-мисија за Mакедонија?
Караманлис ќе ги отфрли „провокациите“ на Груевски
Словенците најмногу сакаат да ја видат Македонија во ЕУ
Албанија не се меша во разговорите за името
Мејер- Работничките права мора да се почитуваат
Ахмети- Неизбежно признавање на косовската независност
Македонските мировници се вратија од БиХ