Број 3190  сабота, 23 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Стил

Site Meter
Свет

И Гордон Браун повикан да сведочи за ирачката војна

Премиерот писмено се изјасни дека нема што да крие ниту да изгуби

Лондон - Британскиот премиер Гордон Браун ќе се појави како сведок во сегашната истрага што се води во Лондон за ирачката војна, во следните два месеца, а не како што порано беше најавено, по одржувањето на парламентарните избори во Велика Британија, соопшти вчера раководителот на истрагата Џон Цилкот.

Браун му испратил писмо во кое го известува дека нема што да крие, ниту да изгуби, или од што било да се плаши, со тоа што ќе се појави во истрагата, предлагајќи и' на истражната комисија да го повика како сведок во секое време, што таа ќе го определи.

Цилкот рече дека ја прифатил понудата, па премиерот Браун, како и актуелните министри во владата - Дејвид Милибанд, шеф на дипломатијата и Даглас Александар, министер за меѓународен развој, ќе се појават како сведоци во следните два месеца. Во Лондон се очекува дека актуелниот британски премиер би можело да сведочи на крајот од февруари или на почетокот од март.

Претходно, комисијата објави дека Браун и сегашните членови во владата ќе ги повика на сведочење за војната во Ирак и за времето по завршувањето на воените операции, по изборите што мора да се одржат до почетокот на јуни годинава, во обид истрагата да остане подалеку од актуелната политика и да не се користи како платформа за претстојните избори.

Таквото решение не го прифати домашната опозиција, која инсистираше дека Браун, како поранешен министер за финансии и најважен министер во владата, треба да сведочи сега, а не по изборите. Либералдемократите го обвинуваат Браун дека ги потпишувал чековите за војната, додека ториевците сметаат оти нема логика во одложувањето на сведочењето на Браун и на уште двајца министри, кога веќе сведочи Џек Стро, кој и сега е министер во британската влада.

Алистер Кемпбел, поранешен директор за комуникации во кабинетот на Тони Блер, во истрагата го посочи Браун како еден од членовите на најблискиот советнички тим околу ирачката војна. Премиерот Браун минатата седмица во дебата во Долниот дом на Парламентот изјави дека ја поддржал воената интервенција во Ирак и оти и сега останува на својот став. (Т.И.)


#
Статијата е прочитана 256 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Кој навистина ги отру децата на Гебелс
Леогане - град на Хаити кој повеќе не постои
Потомците на нацистите се стерилизираат
Кина и САД се скараа за „Гугл“
На аукција авионот што слета во Хадсон
Еврејска молитва симна авион
Опозицијата бара повлекување од Авганистан
Цунами-бранови се очекува да удрат во Истанбул