Потомците на нацистите се стерилизираат
Се срамат од злосторничките гени што ги носат од своите претци
Берлин - По прв пат потомците на озлогласените лидери од нацистичкиот режим јавно проговорија за болката и гадење што го чувствуваат кон своите предци. Една од нив е и Бетина Геринг, роднина на Херман Геринг, основач на тајната полиција Гестапо и еден од најмоќните луѓе од Третиот рајх.
Бетина признала дека пред некое време извршила стерилизација бидејки не сака да раѓа деца кои ќе имаат гени на својот озлогласен чичко.
Адолф Ајкман, човекот кој ги праќаше европските Евреи во логорите на смрта, го остави зад себе синот Ричард кој се срами да зборува за тоа кој му бил татко.Тој никогаш нема да сфати зошто неговиот татко е еден од креаторите на холокаустот.
Хитлер нама потомци, но затоа има многумина од оние кои го опкружувале, а кои оставиле зад себе семејства. Некои се сеќаваат дека Хитлер понекогаш ги галел по гавата.
Режисерот Чаноча Зевија, на израелскиот документарен филм "Децата на Хитлер", откри многу луѓе што се срамат од делата на своите предци.
Никлас Франк, на кој Хилер му бил кум, а татко му нацистички гувернер на окупираната Полска, кога и да помисли на тоа колку неговиот татко испраќал луѓе во логорот на смрта, чувствува гадење и презир.
Режисерот успеал да пронајде фасцинантна сличност помеѓу емоциите на оние кои биле вклучени во програмирање на холокаустот и оние кои го преживеале. Некои дури имале прилика да ги запознаат децата на оние што ги мачеле и прогонувале.
Братот на Бетина исто така одлучил да се стерилизира, бидејки не сакал неговите деца да му бидат чудовишта. Доволно му е што личи на вујко му.
Херман е осуден на смрт заедно со 11 нацистички лидери во Нирнбершкиот процес во 1946 година. Меѓутоа ноќта пред егзикуцијата тој извршил самоубиство. (МИА) |