Најголемата опозициска партија во Германија, СПД, повика на повлекување на германските трупи од Авганистан во 2011 година. Партискиот претседател Зигмар Габриел ја одби можноста за испраќање повеќе трупи во Авганистан, оценувајќи дека тоа ќе придонесе за поголем број жртви меѓу војската и цивилите.
Министерот за одбрана Карл Теодор цу Гутенберг вчера одби да наведе временски рок за повлекување на трупите од Авганистан и најави дека владата ќе го соопшти лимитот за бројот на трупите во земјата во текот на следната седмица. Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози денеска телефонски ги усогласувале ставовите за состојбата во Авганистан. (Дојче веле)
Нешто слично очекувам и од нашата опозиција.Нека направи програма за неиспраќање на наши окупаторски трупи во странство. Нека не купува 60 оклопни транспортери за во Авганистан...
Нека пресмета колку сето тоа чини..и парите нека ги предвиди за стечајците.
Нека прави такви и слични програми, кои ги сака народот, за кои ќе го даде својот глас. И нека ги спроведе тие програми. А не Стевче да кажува за тоа како била Окта продадена...Тоа се завршени работи..Окта, и не знам кои продажби на ВМРО што му ги припишува како грешки, се само грешки на СДСМ, оти тоа е Бранковиот модел на приватизација.
Со такви, или нападите на Панде Лазаревски за станот...опозицијата само си губи рејтинг,..оти всушност со тие примери, таа само си ги вади своите извалкани долни алишта.