Еврејска молитва симна авион
Авионот на Ју-Ес ервејс беше пренасочен кон Филаделфија откако предметите потребни на молитва на еден млад Евреин предизвикаа страв од бомба, соопшти полицијата од Филаделфија.
Инцидентот се случи кога лицето употребило филактерија, мала црна кутија што ја ставаат ортодоксните Евреи на глава како дел од нивните молитвени ритуали, соопшти полицијата. Лицето не било уапсено и авионот слетал без инциденти.
Американските аеродроми се во состојба на зголемена готовност откако минатиот месец еден Нигериец планираше бомбашки напад врз авион. Неговата експлозивна направа потфрли и тој набрзина беше совладан од патниците и екипажот на летот од Амстердам за Детроит. Последниот инцидент се случи во млазен авион со 50 места кој првично летал на релацијата за Луисвил, Кентаки од аеродромот „Ла Гвардија“ од Њујорк. Тој слета во Филаделфија во 9 часот според локално време. Филактеријата, на хебрејски тефилин, се две мали кутии вообичаено направени од црна кожа, со ремени на нив. Од верникот Евреин се бара да стави една од кутиите на глава, а другата да ја врзе на раката како дел од нивните утрински молитви. (Би-Би-Си) |