Португалија го доби Бенто, а не Мурињо
Откако не успеаја да го доведат Жозе Мурињо, како привремено решение за клупата на Португалија, челниците на Федерацијата на оваа земја се решија шанса да му дадат на Поало Бенто. Поранешниот репрезентативе�� потпиша договор до 2012 година, а на жешката клупа го наследува Карлос Кеирош.
Бенто е млад тренер, има 41 година, а ќе дебитира на 8 октомври на квалификацискиот меч за ЕП 2012 година против Данска. Него и неговите фудбалери ги чека тешка борба во групата по двата стартни разочарувачки резултати. Реми со Кипар 4:4 на свој терен и пораз од Норвешка во гости 0:1. |