Матеус нов селектор на Бугарија
Лотар Матеус во наредните две години ќе ја води репрезентацијата на Бугарија. Бугарите почнаа да бараат селектор по поразот од Црна Гора во квалификациите за ЕП 2012 година.
„Не беше лесно да се најде за кратко ��реме сериозна личност. Драго ми е што успеавме да го донесеме. Се надевам дека ќе има поддршка од сите“, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Бугарија, Михајло Михајлов. |