Број 3389  четврток, 23 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Рибери пак повреден

Францускиот репрезентативец Франк Рибери го повреди зглобот на мечот со Хофенхајм во рамките на 5.коло од Бундеслигата. Баварците славеа со 2:1 (поведоа домаќините со голот на Ибишевиќ, а Милер и Ван Бајтен го завртеа резултатот), но овој момент ја намали радоста.

„Мислам дека повредата е прилично сериозна. Треба да се направат прецизни прегледи, па да знаеме за што точно се работи“, кажа разочараниот тренер Луис ван Гал.

„Првите проценки не ветуваат многу. Можеби долго време ќе биде надвор од теренот“, додаде Карл Хајнц Румениге, кој се сомнева во повреда на лигаментите на зглобот.

Напаѓачот на Келн Лукас Подолски остро го нападна тренерот Звонимир Солдо за неговата тактика во поразот кај Мајнц (0:2). „Ако играме вака не мора да изглегуваме на тревата. Воопшто не ризикуваме, не напаѓаме. На таков начин не може да се дојде до гол, а ниту до победа , или бод. Грешиме“, кажа искрено Подолски.

Од друга стран,а Мајнц ликува. Во пет меча има исто толку победи и сега веќе се одлепи на чело на табелата со пет бода повеќе од Хофенхајм и Хановер.


#
Статијата е прочитана 271 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Шахистките убедливи, шахистите запрени
Рони О’Саливен
Летаат откази за дисциплинците на УЕФА
Не се врти се' околу Федерер
Контроверзниот судија Морено уапсен со шест килограми хероин
Сутил го брка Шумахер во пензија?
Матеус нов селектор на Бугарија
Португалија го доби Бенто, а не Мурињо



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing