Број 3389  четврток, 23 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Сутил го брка Шумахер во пензија?

Медиумските шпекулации дека Михаел Шумахер по втор и сосема сигурно последен пат ќе се повлече од Формула 1 добија делумна потврда и од Мерцедес која има намера покрај Нико Розберг идната сезона во тимот да го доведе и Адријан Сутил од Форс Индија.

Без дилеми најголемиот ас на Формула 1 во последните 20 години се врати во најбрзиот циркус по пауза од три години, но не успеа да оствари посериозни резултати во тимот на Мерцедес.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Мерцедес добро ќе размисли пред да одлучи што ќе прави со Шумахер затоа што е многу битно како ќе изгледа и евентуалното разминување на двете страни.

„Не верувам дека Мерцедес сака едноставно да го отпушти затоа што тоа ќе биде знак на признавање на грешката при неговото ангажирање, но мислам дека во заднината на приказната веќе има доволно притисок кој упатува на тоа дека повлекувањето е најдобра опција“, напиша угледниот Ф1 новинар Џо Соард на својот блог.

Неговиот колега од Би-Би-Си Џонатан Легард минатата недела напиша дека возачот на Форс Индија Адријан Сутил е најголем кандидат да го наследи Шумахер во Мерцедес, што за Форс Индија ќе отвори место за талентираниот Британец Пол ди Рести.

Момчето родено пред 24 години во Шкотска моментално е тест возач во Форс и голем талент, а сомневањата за заминувањето на Шумахер на крајот на годината да пораснат се потруди и потпретседателот на Мерцедес Норберт Хауг кој порача дека дава полна поддршка за Ди Рести за што побрз деби во Формула 1.

Седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер моментално е на деветтото место во генералниот пласман со 46 освоени бодови.

Самиот Шумахер пак, немаше дилеми кога го прашаа дали и идната сезона ќе седи зад воланот на болидот на Мерцедес.

„Мојата цел по враќањето од пензијата беше повторно да бидам најбрз. Впрочем, затоа и сум тука. Постојат големи очекувања кои во овој момент не можам да ги исполнам. Не брзам, трпелив сум, а Формула 1 е полна со подеми и падови. Сигурен сум дека идната сезона ќе биде многу подобра“, изјави Шумахер. Но, дали за него ќе има идна сезона. Одговорот лежи во флоскулата: Ќе покаже времето, а тоа деновиве е врнежливо.


#
Статијата е прочитана 427 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Шахистките убедливи, шахистите запрени
Рони О’Саливен
Летаат откази за дисциплинците на УЕФА
Не се врти се' околу Федерер
Контроверзниот судија Морено уапсен со шест килограми хероин
Матеус нов селектор на Бугарија
Португалија го доби Бенто, а не Мурињо
Рибери пак повреден



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing