Број 3389  четврток, 23 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Шахистките убедливи, шахистите запрени

Дамите ја совладаа Нигерија, а мажите загубија од Мексико во второто коло на Олимпијадата во Ханти Мансијск

Робер�� Димитриевски

Како и во првото коло, двете селекции на Македонија со половичен успех, но сега со променети улоги во вториот круг на 39. Шаховска олимпијада што се одржува во рускиот град Ханти-Мансијск од 21 септември до 3 октомври. Машката репрезентација, која на стартот славеше со максимални 4-0 против Макао, претрпе убедлив пораз од 3-1 против Мексико, а женската, која остана на нула против бранителот на титулата Грузија во првата рунда, во втората водеше против Нигерија со 3-0.

Избраниците на селекторот Атанас Кизов, кој го изостави велемајсторот Никола Митков (2531), загубија од тим седум места подобро рангиран, односно 36. според просечниот рејтинг меѓу 148. Мексиканците поведоа преку ВМ Хосе Гарсија Гонзалез (2543), кој на третата табла со бели фигури профитира од напреднатиот пешак на д-линијата во завршницата на дама против двата топа на ВМ Звонко Станојоски (2485). Следуваше ремито на последната табла, на која интермајсторот Филип Панчевски (2410) со коњ против ловец и со пешак помалку склучи реми со ВМ Хилберто Гереро Ернандез (2540). По него поенот го поделија и ВМ Владимир Георгиев (2573) и ВМ Мануел Ојос Леон (2579) на првата табла, па остана ВМ Трајко Недев (2505) на втората да вади костени од оган во загубена позиција. Во тоа, нормално, не успеа, бидејќи неговиот осамен ловец немаше никакви шанси против четирите пешака на ВМ Хуан Карлос Замора Гонзалез (2564).

Женската репрезентација, која е рангирана како 63. меѓу 114 селекции, оствари висока победа над аутсајдерот Нигерија (104), но долго траеше битката со ривалот со само една рејтингувана шахистка. Прва ја заврши работата Катерина Јоноска (2012), која паузираше во првото коло, а во второто рутински го ефектуира вишокот фигура во дуелот со црни фигури против Рејчел Едвард-Дапа на втората табла. Моника Стојковска (1928) на третата зголеми на 2-0 со разорен напад врз бедемот околу кралот на Олуфунмилајо Акинтола. Триумфот го обезбеди Бојана Бејатовиќ (1891) на последната табла откако во топовска завршница влезе со два пешака повеќе против Розмари Амадасун (1900). Најискусната, ЖИМ Габриела Коскоска (2142), форсираше игра на победа, влезе во завршница со истобојни ловци против Олуватобилоба Олатунџи, а при крајот стекна предност од еден пешак.

Резултати од второто коло, мажи: Албанија - Полска 0-4; ИЦСЦ - Индија 0:4. Прво коло: Русија 1 - Ирска 3,5-0,5; Ирак - Украина 0-4; Кина - Киргистан 3,5-0,5; ИБЦА - Русија 2 1-3; Унгарија - Јордан 3,5-0,5; Костарика - Ерменија 0,5-3,5; Азербејџан - Јужна Африка 2,5-1,5; Бангладеш - Бугарија 0,5-3,5; САД - Фарски Острови 4-0; Парагвај - Франција 0,5-3,5, Израел - Јемен 2-2 итн.



Стојковска - Акинтола



1. е4 е6 2. д4 д5 3. Сд2 ц6 4. Сгф3 Сф6 5. е5 Сфд7 6. Лд3 ц5 7. ц3 Сц6 8. Лб1 Ле7 9. О-О О-О 10. Те1 Те8 11. Сф1 б6 12. Дд3 Сф8 13. Кх1 ц:д4 14. ц:д4 Сб4 15. Дд1 Лб7 16. Сг3 Тц8 17. Лд2 а5 18. Сг1 Дц7 19. Лц3 Ла6 20. ф4 Сц6 21. ф5 е:ф5 22. С:ф5 Се6 23. Дг4 Лф8 24. Те3 Тцд8 25. Тх3 г6 26. Сф3 Сг7 27. Сх6+ Кх8 28. Сг5 Тд7 29. Сх:ф7+ Т:ф7 30. Т:х7+ Д:ф7 31. Л:г6 Де6 32. Лф5 1-0


#
Статијата е прочитана 270 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Рони О’Саливен
Летаат откази за дисциплинците на УЕФА
Не се врти се' околу Федерер
Контроверзниот судија Морено уапсен со шест килограми хероин
Сутил го брка Шумахер во пензија?
Матеус нов селектор на Бугарија
Португалија го доби Бенто, а не Мурињо
Рибери пак повреден



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing