Број 3389  четврток, 23 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Летаат откази за дисциплинците на УЕФА

Робин Бокшиќ доби нога откако Платини нареди истрага за ширење лажни информации за низа клубови

Европската куќа на фудбалот ја прекина соработката со својот досегашен истражител Робин Бокшиќ, кој во последните денови стана селебрити фаца на фудбалската сцена.

Бокшиќ, како што наведуваат германските медиуми, добил отказ откако истрагата против него и неговиот надреден шеф на Дисциплинската комисија, Питер Лимахер, нареди лично претседателот Мишел Платини.

Лавината која почна да носи „животи“ со себе, ја покрена текстот во магазинот „Штерн“, кој споменатите двајца ги наведе како луѓе кои ширеле лажни информации за валканите работи на низа клубови, вклучувајќи го и големиот Баерн.

За баварскиот клуб ја прошириле информацијата дека, наводно, во 2008 година го наместил мечот со Зенит. Станува збор за реванш полуфиналниот натпревар од Купот на УЕФА, кој заврши со победа на Русите од 4:0 (во првиот меч беше 1:1).

По излегувањето на тој текст, Баерн реши да ги тужи Лимахер и Бокшиќ. Еден од челниците на Баерн, легендарниот Карл Хајнц Румениге, побесне и побара од УЕФА да не фрла прашина на светото германско фудбалско име.

„Не може ова туку така да помине. На некој му текнало дека сме местеле натпревар. Тоа нема никаква врска со вистината. Затоа ќе тужиме. Со Баерн не смее никој да се игра“, му се закани Румениге на Платини. Ваквиот развој на настаните повторно ги актуелизира дебатите за тоа дали некој свесно може да намести така голем клуб, или пак дали може некој помал клуб да се избори за неговата вистина како една величина како Баерн.

И тука кај нас веќе почнаа тие муабети, бидејќи токму Лимахер беше тој кој одлучуваше за случајот Победа. Како што е познато, Победа заработи осумгодишна суспензија на европската сцена поради лажирање на натпреварот со Пјуник. Оние кои се посомневаа во ригорозната казна на УЕФА (инаку прва шлаканица од таков вид за некој европски клуб), сега имаат плодна почва за своите тези дека малите риби не може да преживеат во базен со пирани.

Ништо чудно сега во јавноста да се јави и пропаднатиот во земја Александар Забрчанец со антикодошките пароли: „Што ви реков, допрва ќе се одмотува клопчето на нечесните игри со нас. Ни виновни ни должни го изедовме стапот“, може лесно да му се испушти на Забрчанец, чија жалба, за разлика од тужбата на Баерн, беше пеплосана. (Н.К.)


#
Статијата е прочитана 636 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Шахистките убедливи, шахистите запрени
Рони О’Саливен
Не се врти се' околу Федерер
Контроверзниот судија Морено уапсен со шест килограми хероин
Сутил го брка Шумахер во пензија?
Матеус нов селектор на Бугарија
Португалија го доби Бенто, а не Мурињо
Рибери пак повреден






Fidesz in full control after victory in Hungarian local elections
Serbia 10 years on after the fall of Milosevic
Still talking after five years – Croatia's long and winding road to the EU