Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Стоп за гостинските навивачи

Кошаркарската федерација на Македонија по теркот на Фудбалската реши да стави знак стоп за организираното водење на навивачки групи на гостински терен.

„Комесарот за натпреварување на сениорските лиги, во согласност со одлуката на Здружението на прволигашите и актуелните закони на државава за спречување на насилството на спортските терени, стриктно ќе ги почитува сите донесени одлуки и закони, а во исто време најостро ќе ги санкционира сите наредни обиди за организирано водење на навивачи на гостински терен“, се наведува во известувањето на комесарот за натпреварување Горан Трпушевски.

Последните инциденти што ги направија навивачите на Работнички за време на дербито со Фени индустри во салата „Јасмин“ во Кавадарци ја прелија чашата на трпението. И викендов како и пред десетина дена во „Борис Трајковски“ на мечот меѓу Работнички и МЗТ Скопје дивеењето на навивачите ја стави кошарката во втор план. Она што требаше да биде празник за вистинските љубители на спортот од ингениозниот ум на хулиганите се претвори во пекол.

Како и во „Борис Трајковски“, така и во „Јасмин“ беше искршен дел од инвентарот. Во „Јасмин“ комплетно, со прозорците настрада и малата сала, а и неколку автомобили пред неа. Се пеплосува практично она што го плаќаме сите ние. Поради тоа, покрај забраните за патувања мора драстично да се зголемат казните за насилниците. Логично е товарот на глупоста да падне целосно врз нивниот грб. (Н.К.)


#
Статијата е прочитана 618 пати.

Испрати коментар

Од: И.
Датум: 23.11.2010 13:44:26
Очекувано. Навивачите, навивачите и пак навивачите се виновни за сите инциденти, без исклучок. Повод за оваа забрана сигурно се случувањата во Кавадарци, ни причината е друга - полициската неспособност и непрофесионалност! Забрана за гостување во фудбал, па сега и во кошарка. Одлично! Бруталната реакција на полицијата во Кавадарци беше сосема непотребна. А малата сала беше уништена во знак на револт поради непотребниот ќотек. Ама тоа никогаш нема да биде напишано во ваша статија, нели?
Од: Вистински љубител на спортот
Датум: 23.11.2010 15:04:57
Не се виновни навивачите, виновни се битангите кои се претставуваат како навивачи. Кој ги тера да палат државни знамиња, да кршат, да се тепаат со другите навивачки групи, да исвиркуваат химни на други држави и да навредуваат по расистички и други основи. Да се забрани присуството на навивачките групи (и домашни и гостински)! Битангите надвор!
Од: Fan
Датум: 23.11.2010 22:00:10
A za kogo se igraat natprevarite ako ne za navivacite ,pa sekade vo Evropa idat po iljadnici lugje na gostinski teren pa nemaat zabrani a tuka nasata nesposobna policija neznae da se spravi so samo 100-150 lugje.SRAMOTA ZA MVR.

Најди! во Утрински
Спорт
Црвенкоска последна на подготовките
Ракометарките на Металург за малку од готово вересија
Федерер
Фетел пречекан како херој во родниот Хепенхајм
Ето одлепи како Зидан
Реал гледа кон Барселона, тоа е шансата на Ајакс
Мурињо во куќата на славните во Премиер-лигата
Лазаров петти стрелец во ЛШ
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial