Лазаров петти стрелец во ЛШ
Кирил Лазаров го дели петтото место на листата на стрелците во Лигата на шампионите по одиграното петто коло, во кое со седум погодока беше најзаслужниот за победата на Сиудад Реал над Босна во Сараево. Најдобриот македонски ракометар има вкупно 34 гола, колку и Норвежанецот Кристијан Кјелинг од дански Олборг.
На врвот на листата и понатаму неприкосновен е Србинот Марко Вуин од Веспрем со 47 погодока. Девет помалку има второпласираниот Данец Ларс Кристијансен од Колдинг, а трет е Германецот Уве Генцхајмер од Рајн Некар со 37.
Пред Лазаров е само уште Србинот Растко Стојковиќ од полски Виве Кјелце со два гола повеќе од десниот бек на Сиудад Реал. (Р.Д.) |