Мурињо во куќата на славните во Премиер-лигата
Иако во Премиер-лигата работеше само три години водејќи го Челзи, Мурињо остави длабока трага, освојувајќи две шампионски титули, два Карлинг купа и еден Ф.А куп, пред Роман Абрамовиќ да му врачи отказ за неуспехот во Лигата на шампионите. И затоа Здружението на премиерлигашките менаџери го смести во Куќата на славните.
„Ова за мене е посебна вечер и горд сум на оваа признание, бидејќи не сум Британец и минав само три години во Премиер-лигата, период кој не е доволно долг да се испише голема историја. Но, годините што ги минав во Лондон беа најдобрите во мојата кариера, и покрај фактот што работејќи во Португалија и во Италија дојдов до европската титула“, коментираше Мурињо на свечената вечера одржана во неделата во лондонскиот хотел Парк Лејн.
„Атмосферата, емоциите, интензитетот во Англија е нешто што не може да се спореди со другите земји за некој кој навистина ��а сака оваа игра, како што сум јас. За некој таков ова е место кое нуди најголемо уживање“, додаде Португалецот, кој подоцна во говорот ги спомена својот ментор од Барселона, Боби Робсон, како и Алекс Фергусон.
„Среќен сум што во животот сум соработувал со големи тренери. Кој го запознал и работел со Боби Робсон тој може да се чувствува привилегиран. Што се однесува до Фергусон се надевам дека тој уште долго ќе работи и дека ќе се сретнеме уште неколку пати. Кога јас ќе имам 60 години би сакал да се видам со истите амбиции и желби како и Фергусон“, посочи Мурињо. |