Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Федерер: Резултатот не е фер кон Ферер

Според Швајцар��цот, 6:1, 6:4 не е вистински одраз на силите во првиот меч од АТП-финалето во Лондон

Четирикратниот победник на завршниот турнир на најдобрите осум во светот Роже Федерер убедливо стартуваше во Лондон. Во ловот на својата петта титула тргна со победа над Давид Ферер од 6:1 и 6:4.

„Мислам дека ова беше тежок меч за мене, иако резултатот не го кажува тоа. Епилогот не е чесен кон Ферер. Тој е сјаен играч и навистина мислам дека извлеков тешка победа во така тежок меч. Резултатот не го оцртува прикажаното во тие еден и пол час игра“, коментираше Федерер, кој има 11:0 против Шпанецот.

За Швајцарецот ова е деветто едноподруго појавување на завршниот турнир сезонава, а со победата го зголеми конечниот скор на 30 победи и седум порази. Титулите на АТП-финалето Федерер ги освојуваше 2003, 2004, како и 2006 и 2007 година, додека минатата година во полуфиналето го запре Новак Ѓоковиќ.

Во вториот меч од групата Б Енди Мари дејствуваше моќно против Робин Содерлинг, совладувајќи го со 6:2 и 6:4.

Инаку, четири дена откако и официјално објави крај на кариерата шпанскиот тенисер Кралос Моја (34) повторно се врати на теренот во арената „О-2“, пред стартот на финалниот турнир. Овој пат наместо во кратка маичка на себе имаше костум и чевли. Од АТП-тур доби пригоден подарок за завршување на кариерата и топол аплауз од 17.500 гледачи.


#
Статијата е прочитана 643 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Црвенкоска последна на подготовките
Ракометарките на Металург за малку од готово вересија
Фетел пречекан како херој во родниот Хепенхајм
Ето одлепи како Зидан
Реал гледа кон Барселона, тоа е шансата на Ајакс
Мурињо во куќата на славните во Премиер-лигата
Стоп за гостинските навивачи
Лазаров петти стрелец во ЛШ
 


New Hungarian media law proves controversial
Opposition calls for early elections in Macedonia
Croatian to become 24th EU language