Бод за Уругвај против десеткуваниот Перу
Ремито 1:1 ја продолжи серијата изненадувања на почетокот на Копа Америка
Уругвај одигра само 1:1 против Перу, а Чиле го совлада Мексико. Со овие резултати продолжија изненадувањата на Копа Америка. Уругвај во најсилен напад со Форлан - Суарез - Кавани не успеа да го совлада ослабениот Перу, кој во Аргентина дојде растресен од повредите на клучните играчи Фарфан, Пизаро, Замбрано, Рамирез.
Со голот на напаѓачот на Хамбургер Гвереро, Перу дури и водеше од 23. минута, за во последната од првиот дел да израмни Суарез. Ова секако е голем кикс за репрезентацијата која го освои четвртото место на светското првенство во Јужна Африка.
Чиле, исто така, во најсилен состав, предводен од ѕвездата на преодниот рок Алексис Санчез и остатокот од играчите од СП, се мачеше против Мексико, кој дојде на турнирот драстично ослабен. Како што е познато, откако победи на „Голд купот“ (првенството на Средна и Северна Америка) мексиканската репрезентација ја погоди незапамтена афера. Осум репрезентативци се суспендирани поради оргии со проститутки во хотел за време на подготовките во Еквадор.
Приказната заврши во весниците откако проститутките на двајца играчи им ги украле лаптопите и мобилните телефони на кои биле снимени секс сцените. Суспендирани се Дос Сантос, Нестор Видрио, Хавиер Кортес, Дејвид Кабрера, Нестор Калдерон, Жорге Хернадез и Марко Фабиан. Мексико затоа во Аргентина дојде со голем број дебитанти и со само една мисија - да не се посрамоти.
Реднап: Понудата на Челзи за МодриЌ беше смешна
„Бев премногу изненаден од понудата на Челзи за Модриќ“, кажа во понеделникот за „Скај спорт“ тренерот на Тотенхем, Хари Реднап.
„Тоа беше смешна понуда. Ако веќе праќаа понуда, тогаш можеа тоа да го направат сериозно. Да им го дадеме Лука за 22 милиони фунти? Па тоа е да пукнеш од смеење“, смета Реднап, додавајќи дека без оглед на можноста во текот на преодниот рок да добие и далеку посериозна понуда Модриќ ќе остане.
„Не се обидувам да му ја качам цената. Тој е фантастичен играч. Не сакаме да го продадеме. Во ранг е на најдобрите премиерлигашки играчи и мислам дека може да игра во било кој тим на светот. Толку е добар. Повторно велам, не сака да го загубиме. Мора да ги задржиме најдобрите фудбалери, мора да го засилиме тимот, а не да го слабееме со продажба на најдобрите играчи. Нема причина да не ја покажеме нашата амбициозност. Не сакам да кажам дека ќе плаќаме како Сити или Челзи, но знам дека имаме одлична група играчи“, вели Реднап.
На прашањето за интересот на Интер за Герет Бејл тој коментира: „И Бејл, како и Модриќ ќе остане. Одлично момче, постојано ја поправа својата игра и учи“.
Дарио Конка, фудбалерот поплатен од Меси
Кога ќе се спомене Кристијано Роналдо една од првите асоцијации е дека тоа е најплатениот играч во светот. Кога, пак, ќе се спомене Лео Меси покрај останатите карактеристики фантастичниот Аргентинец е трет најскапо платен фудбалер на планетата, бидејќи според платата го претекна малку помалку познатиот сонародник Дарио Конка. Тој има 28 години и надвор од Јужна Африка тешко дека широките народни маси слушнале за него.
Но, сега откако мина од Флуминенсе во кинескиот Гванжу за плата од 10,6 милиони евра годишно сите прашуваат за него. Роналдо во Реал заработува 12 милиони евра, а Меси во Барселона 10,5 милиони. На четврто место се Торес од Челзи и Јаја Туре од Сити кои печалат по 10 милиони.
Конка своевремено играше за Ривер Плата, а потоа и за Васко де Гама. Тој игра одлично на средина на теренот, сака да додава, и има убиствена лева нога. На двапати беше прогласуван за најдобар фудбалер на Бразил (2009 и 2010 година).
Тевез: Сакам да си одам, разберете ме
Капитенот на Манчестер Сити, Карлос Тевез, кажа дека ќе го напушти клубот ова лето и ги замоли навивачите за разбирање поради таа одлука.
„Со големо жалење мора да го известам Манчестер Сити дека сакам да го напуштам клубот. Имам голема почит кон него и кон неговите навивачи и сопственици, кои максимално ме испочитуваа. Се надевам дека луѓето разбираат дека во претходните 12 месеци во Манчестер живеев под тешки околности, без семејство и без деца. Се' што правам, правам поради моите ќерки со кои сакам да минувам повеќе време. Мора да бидам на место каде лесно ќе се адаптираат“, кажа Тевез.
Клиши го засили манЧестер Сити
Дефанзивецот на Арсенал, Гаел Клиши, е нов играч на Манчестер Сити. Вредноста на трансферот е осум милиони фунти. Клиши пред да потпише мина едно претпладне во приватна болница, каде успешно ги мина лекарските прегледи.
Пасторе во Реал или во Малага
Претседателот на Палермо, Маурисио Ѕампарини, ја изненади јавноста со констатацијата дека Хавиер Пасторе ќе прејде во Реал или Малага.
„Тој ќе оди во Шпанија или Англија. Реал и Малага се најблиску до него. Барселона ја исклучувам од приказната“, изјави Ѕампарини, отрфлајќи ја приказната и со Манчестер Сити.
Доколку Пасторе прејде во Малага, судејќи според имињата што стигнаа во овој клуб, нема сомнеж дека овој тим ќе се бори за врвот во Примера. Последен кој се договори со Малага е досегашниот првотимец на Хамбургер Јорис Матјинсен. Искусниот 31-годишен фудбалер е втор Холанѓанец што дојде во овој тим летово по ветеранот Руд ван Нистелрој.
СалихамиЏиЌ во Волфсбург
Досегашниот фудбалер на Јувентус и некогашен репрезентативец на БиХ, Хасан Салихамиџиќ, прејде во редовите на Волфсбург. Салихамиџиќ ќе се врати во Германија по полни пет години, во кои не успеа да се докаже во вистинско светло како член на најтрофејниот италијански клуб. Тој веќе има 34 години, а во Волфусбург повторно ќе соработува со трофејниот Феликс Магат, со кого освои две двојни круни со Баерн - 2005 и 2006 година. |