Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Вилнев: Формула 1 е здодевна

Поранешниот светски шампион Жак Вилнев откри дека повеќе не може да издржи да гледа Формула 1. Канаѓанецот има извозено 165 трки меѓу 1996 и 2006 година, во кои стигна до 11 гран-при победи и до една титула. Меѓутоа, неговиот афинитет кон овој спорт полека избледува, а 40-годишникот му се придружи на хорот што изразува незадоволство од доминацијата на актуелниот светски првак Себастијан Фетел.

„Не г��едам трки повеќе. Доста ми е. Не можам да се возбудам. На половина трка се проѕевам и ми станува тешко. Едноставно, се вознемирувам кога ги гледам сите оние момчиња што не можат дури ни да се одбранат, на пример Михаел Шумахер. Тој требаше да биде на подиумот во Монтреал“, вели Вилнев.

Тој воопшто не е импресиониран од новиот систем на подвижни крилца ДРС.

„Навистина не ме привлекува да гледам престигнување со ДРС“, додава тој. „Претпочитам да го гледам Луис Хамилтон како се бори, иако понекогаш тоа завршува со солзи, но барем е забавно. Сите други претекнувања со ДРС? Едноставно, заспивам. Бесполезно, здодевно, тоа дури не е ни тркање. Не разбирам зошто тоа нешто се наоѓа на Ф1-болидот во моментов. Луѓето сега си мислат: ’Ох, тој ќе ме престигне. Што му требаше?‘. И тоа е тоа. Нема возбуда. Ништо“.

Некогашниот возач на Вилијамс го поддржува агресивниот стил на Хамилтон, кој често беше казнуван од стјуардите на трките сезонава.

„Луис вози многу агресивно и заборава малку да ја користи и главата, па завршува со судир во луѓето. Но, тоа не треба да биде запрено. Тоа е тркањето. Тоа е тоа што сакате да го видите: битки“, нагласува тој.


#
Статијата е прочитана 492 пати.

Испрати коментар

Од: demokrat
Датум: 06.07.2011 00:30:16
Ova ne e daleku od vistinata...!

Најди! во Утрински
Спорт
Работнички за потврда, Ренова за поправање на впечатокот
Ѓоковиќ пречекан како крал во Белград
Мечкаровски ќе суди во Талин
Ракометарките запрени од Италија
Интер го претстави Гасперини
Бод за Уругвај против десеткуваниот Перу
Емотивна етапна победа на Фарар
Македонија со петмина на ЕП за млади
Ждрепката за баражот за ЕП во август

"""