Македонија со петмина на ЕП за млади
Тројца пливачи и две пливачки ќе ја претставуваат Македонија на Европското младинско првенство што ќе се одржи од денеска до недела во Белград. Во машка конкуренција ќе настапат Ненад Тасевски, Горазд Чепишевски и Дамјан Петровски, а во женска Сандра Иванова и Ели Секуловска. Нив ќе ги придружуваат тренерите Борче Блажевски и Марјан Соколовски.
Целата експедиција се самофинансира, бидејќи на Пливачката федерација на Маке��онија и' е блокирана сметката. (Р.Д.) |