Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Ѓоковиќ пречекан како крал во Белград

Стотина илјади фанови еуфорично го поздравија првиот српски тенисер со круната од Вимблдон во центарот на главниот град

Околу 100.000 српски тениски фанови му приредија кралски пречек на Новак Ѓоковиќ во центарот на Белград прексиноќа, откако 24-годишникот пристигна дома за да го прослави освојувањето на својата прва титула на Вимблдон. Ѓоковиќ, кој се искачи и на врвот на АТП-листата, беше еуфорично поздравуван додека со панормаскиот автобус се пробиваше со часови од аеродромот до плоштадот пред Српскиот парламент. Сообраќајот на главниот автопат беше запрен, а фановите излегуваа од своите автомобили за да го поздрават најпопуларниот спортист во Србија, чиешто целокупно семејство продефилира покрај него на огромната бина, на која рок-групи ја забавуваа масата.

„Ова е апсолутно неверојатно и на сите вас ви должам благодарност од срце за овој пречек“, рече воодушевениот Ѓоковиќ додека го држеше трофејот што го освои во големата битка во четири сета со Шпанецот Рафаел Надал во неделното финале.

„Дојде времето за да ги споделам сите мои чувства со вас и се' што можам да кажам е дека вие сте најдобри на светот, бидејќи само српските фанови можат да приредат ваква забава. Вие ми го приредивте најсреќниот ден во мојот живот, и повеќе од тоа и вам ви го посветувам овој трофеј“, додаде Ѓоковиќ, кој ќе го предводи бранителот на титулата Србија во четврт-финалето на Дејвис купот против Шведска на гости претстојниот викенд. „Ние имаме душа што не може да се спореди со никоја. Што се однесува до претстојниот настап на репрезентацијата, можам да ви ветам дека ќе сториме се' што е во наша моќ за да победиме повторно“.

Ѓоковиќ и неговите двајца помлади браќа потоа им се придружија на рок, поп и фолк бендовите на сцената, пеејќи заедно со нив додека фановите фрлаа конфети и вееја српски знамиња. Некои од нив држеа транспаренти со потсмешливи пораки за Надал, кој му го препушти првото место на АТП-листата на својот лут ривал.

„Рафа, го гледаш ли ова од Мадрид? Продолжи да го вежбаш тој твој бекхенд“, пишуваше на еден од нив.

Атмосферата го достигна врвот кога Ѓоковиќ и неговото семејство се фатија на традиционалното српско оро, а пиротехниката го распара небото над Белград во жешката вечер.

„Млади луѓе се собраа во огромен број тука за да го видат овој исклучителен млад човек и за да се инспирираат од неговите постигнувања“, изјави поранешниот Дејвис куп тренер Радмило Арменулиќ. „Тој е модел за угледување и вистински шампион, кој ги црпи силата и волјата од своите семејство и пријатели, што е најдобриот начин за да го задржите вашиот живот на вистинскиот колосек. Во врска со неговата игра, не сум во положба да му давам каков и да е совет, бидејќи тој е толку надмоќен на теренот“.

Поранешниот ракометен репрезентативец Игор Бутулија додаде: „Како некогашен врвен спортист знам колку е потешко да се досегне врвот како поединец. Токму поради тоа, триумфот на Ѓоковиќ ќе остане како најзначајно остварување во српската спортска историја“.


#
Статијата е прочитана 947 пати.

Испрати коментар

Од: Istocna Makedonija
Датум: 06.07.2011 08:55:32
Covekot e genijalen sportist,gordost na negovata naci- ja i zasluzuva vakov spektakularen docek.Go osvoi te- niskiot svet.Covecka nadez i nie,kako bivsa federativna edinka na taa eks drzava,vo nesto da postigneme prib- lizni rezultati(kako Srbija,Hrvatska,Slovenija,pa i C,Gora vo kosarka,vaterpolo,rakomet,skianje...)!.
Од: koki
Датум: 06.07.2011 13:01:26
Zasluzuva...........Cestitki..............
Од: edno dete
Датум: 06.07.2011 16:06:44
uspehot na eden e dovolen pottik da povleci cela plejada posle nego mladi sto ke treniraat. sportot vo makedonija e ocaen bez vistinski i pravikni investicii. morame da se svestime i da gi razvivame nasite klubovi a ne da gi ostavame da propagaat. mora drzavata da iznajde metodi i tehniki so koi ke im ovozmozi na firmite da investiraat vo klubovite za eden den i nie da se raduvame na vakvite uspesi.

Најди! во Утрински
Спорт
Работнички за потврда, Ренова за поправање на впечатокот
Мечкаровски ќе суди во Талин
Ракометарките запрени од Италија
Интер го претстави Гасперини
Бод за Уругвај против десеткуваниот Перу
Емотивна етапна победа на Фарар
Вилнев
Македонија со петмина на ЕП за млади
Ждрепката за баражот за ЕП во август

"""