Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Ждрепката за баражот за ЕП во август

Наместо вчера, како што беше најавено, извлекувањето на двојките за баражот за Европското првенство 2012 во ватерполо е поместено за 10 август во седиштето на Европската пливачка федерација (ЛЕН) во Луксембург. Како второпласирана во својата квалификациска група, Македонија ќе биде извлечена од вториот шешир, во кој ќе бидат и Малта, Словенија, Русија, Грузија и Словачка. Можни ривали на македонските ватерполисти се победниците н�� групите Турција, Германија, Франција, Грција и Романија. Шпанија, кој триумфира во нашата група Ц, не може да ни падне.

Баражите ќе се одиграат во два меча, дома и на гостински терен, од 1 до 15 октомври. ЕП ќе се одржи од 16 до 29 јануари во базенот „Питер ван ден Хогенбанд“ во Ајндховен, Холандија. Покрај домаќинот, на еврошампионатот директно се пласирани петте првопласирани селекции од ланското ЕП во Загреб: Хрватска, Италија, Србија, Унгарија и Црна Гора. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 475 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Работнички за потврда, Ренова за поправање на впечатокот
Ѓоковиќ пречекан како крал во Белград
Мечкаровски ќе суди во Талин
Ракометарките запрени од Италија
Интер го претстави Гасперини
Бод за Уругвај против десеткуваниот Перу
Емотивна етапна победа на Фарар
Вилнев
Македонија со петмина на ЕП за млади

"""