Мечкаровски ќе суди во Талин
Македонскиот фудбалски судија Димитар Мечкаровски ќе ја дели правдата на возвратниот натпревар од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите меѓу естонскиот првак Флора и ирскиот Шамрок Роверс, кој ќе се одигра на 19 јули во Талин. Ден подоцна Александар Ставрев ќе го суди реваншот, исто така, од втората рунда од квалификациите за ЛШ меѓу унгарски Видеотон и авс��риски Штурм во Секешфехервар. (Р.Д.) |