Брoj 2701  понеделник, 02 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Максимално зголемена потрошувачката на вода и струја поради жештините

Надлежните не ја исклучуваат можноста за рестрикција на водата

Снежана Калабакова

Високите летни температури кои во последната седмица на мај достигнаа 38 Целзиусови степени ја зголемија потрошувачката на вода и струја. Скопјани потрошиле за разладување повеќе вода во просек за 4,5 илјади кубика, додека струја за 21 отсто повеќе споредено со истиот период лани, кога надворешните температури биле пониски. Од ЕСМ велат дека во средата регистрирале 4,91 милион киловат-часа потрошена електрична енергија, што се должи, пред се', на ставањето во функција на клима-уредите. Зголемената потрошувачка на струја, велат од ЕСМ, беше причина и за неодамнешниот пад на системот во централното градско подрачје, кога речиси половина час домовите и работните простории остана без струја.

Во „Водовод и канализација“ бележат дневно зголемување на потрошувачката на вода. Така, во вторникот биле потрошени 272 илјади кубици и очекуваат оваа бројка да расте, бидејќи допрва следува тренд на зголемена потрошувачка на вода. Од претпријатието апелираат до граѓаните за рационално и наменско користење на водата, бидејќи, како што велат, иако Рашче и бунарите во Нерези и Лепенец можат да ги задоволат потребите, доколку продолжи трендот на зголемување на температурите и водата се троши за наводнување на земјоделските површини и бавчите, не е исклучена можноста за воведување рестрикција.

„Ќе потсетам дека лани Горна Матка и Љубин седум дена останаа без вода, зашто нивните соседи од Шишево и Глумово со пивка вода си ги наводнуваа бавчите. Ваквите појави на Запад се недозволиви. Загуби на вода ни се случуваат и поради кражби, кога се прават ’бајпасови‘ пред саатите и таа вода не се регистрира. Ако ги елиминираме ваквите случаи, и ја земеме предвид планираната замена на поцинкуваните цевки, сигурно ќе оствариме заштеда. Во тој случај, нема потреба од страв дека летово ќе ни недостасува вода“, вели Никола Ѓоревски, технички директор во ЈП „Водовод и канализација“

Ленче Карпузовска, портпаролка на ЕСМ, појаснува дека во понеделникот, од кога почнаа да растат надворешните температури во Скопје, беа потрошени 4,51 милиони киловат-часа електрична енергија, следниот ден за 0,14 милиони повеќе, а во четвртокот, пак, потрошувачката достигнала 4,91 милиони киловат-часа.

Тоа покажува дека потрошувачката расте од ден на ден и тоа како резултат на вклучувањето на климите. Ова е особено изразено во урбаните места, каде што во зимскиот период електричната енергија не се користи за греење, а во лето дистрибутивната мрежа е оптоварена со уреди за ладење.


Статијата е прочитана 218 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Бевме црна овца во Би-Би-Си, а сега сите зборуваат за нас
Претходен број
Од денес кредити со повисоки камати
Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ
Зденко
Керим- На светот му требаат ОН, но не денешниве
Црн извештај
Македонија се пласира во баражот за ЕП 2009
Болт од Јамајка со нов светски рекорд на 100 м
Ден на демократијата со загинат и ранети
Судството доби преодна оцена од европските монитори
Последни избори според стари правила
Карикатура
Гром усмрти човек во Кочанско
Оливер Кан
Verbatim