На највозвишениот ден на демократијата, денот на изборите, власта го жнееше тоа што го посеа!
Со оглед дека, поради технологијата на весникот, овој текст е пишуван пред да се знаат не само изборните резултати туку и излезноста на изборите, не знам која политичка коалиција победи. Меѓутоа, знам со сигурност кој загуби. На овие избори, посебно во изборната кампања загубија поголем дел од медиумите и новинарството, загуби македонската демократија со тезата на министерката за внатрешни работи дека најдемократскиот чин, кој во демократските општества е празник на демократијата, кај нас ќе го обезбедуваат рекорден број полицајци, специјалци и хеликоптери, а најмногу загубија државата Република Македонија и македонските граѓани!
Зошто најголемиот дел од македонските медиуми, пред се' телевизиите, а не заостанаа и некои печатени, се најголемите губитници на изборите? Затоа што по директива или поради сервилност кон своите сопственици кои речиси сите како партиски лидери влегоа на листата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а некои што не влегоа, заедно со јавниот ТВ-сервис и' даваа пренагласена поддршка. За ова ќе имаат оправдување само во добивањето на најголемиот дел од огромниот финансиски колач што им го даде власта. Коалицијата „За подобра Македонија“ толку отворено го правеше ова, со цел, не бирајќи средства, да ги освои посакуваните 61 место во парламентот за себе и да и' помогне на ДПА на Тачи да победи кај албанскиот електорат и заедно да си владеат како што сакаат. Како што укажувавме уште во зародокот на идејата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори, токму тие високи и нереално поставени цели, посебно мотивот - парламент со што е можно помалку опозиција - доведоа до вчерашниот изборен ден исполнет со насилство. Епилогот е познат: до пладне еден загинат и деветмина повредени.
Вториот лош пристап на власта која ги организираше изборите беше фалењето дека со рекорден број полицијаци, специјалци и хеликоптери ќе обезбеди фер и демократски избори! По дефиниција, демократијата не се обезбедува со полиција. Напротив. Демократијата се обезбедува со помагање на демократските процеси и институции, со функционирање на правната држава и вледеењето на правото. Доколку МВР веднаш ги расчистеше предизборните оружени инциденти, а сторителите им ги предадеше на судовите, тогаш немаше да биде потребно рекордно учество на полицајци, специјалци и хеликопртери на денот на „слободното“ изјаснување на граѓаните. ДУИ целиот ден беше на работ од одлука за напуштањето на изборниот процес. Пукањата, стравот и настраданите се доказ дека на највозвишениот ден на демократијата, власта го „жнееше тоа што го посеа“!
Најзначајното прашање што се поставува е што ќе се случува со Македонија од моментот кога ќе се дознае епилогот од изборите. Има три алтернативи. Една, при приближно избалансиран изборен резултат на двете поголеми коалиции, да се направи широка демократска влада која ќе работи на условите за прием во ЕУ и на проблемот околу името со Грција, за да се фати последниот воз за НАТО, а по некое време да се одржат нови избори. Друга, ако победи коалицијата „Сонце за европска Македонија“, таа да си ги оствари ветувањата и за 6 месеци да ја внесе земјата во НАТО и да обезбеди датум за преговори со ЕУ. Третиот е победата на коалицијата „За подобра Македонија“ и на ДПА. Во тој случај се поставува равенка со многу непознати. Зашто, ниту се знае што ќе преземе околу главните прашања за земјата, приемот во НАТО, ЕУ и спорот со името, а над глава виси опасноста на која предупреди професорот Димитар Димитров во колумната во „Утрински“ дека ВМРО-ДПМНЕ „со предвремените избори атакува врз уставното уредување на државата, врз тројството на законодавна, извршна и судска власт, со пресликување на партиската шема, така што, покрај Владата - и Собранието да се претвори во егзекутива, да не се губи време со опозицијата“.
Mancho razbudise nadvor "silno svetnal den" Go nema A.Nikolov da gi otvori portite za dorijata "sonce"
Од: Mina
Датум: 02.06.2008 07:21:52
Mnogu ubavo napisano za partiite ama jasno e deka vladeackata partija ke pobedi zatoa sto pocna nesto da pravi so kriminalot vo Makedonija dodeka prethonite haraa so godini i pljackaa.Narodot vo Makedonija se osvesti i ne se laze so Evropa i Nato.Kakva korist od niv ako imame kriminalci domasto ja kradat drzavata.Svecka ne e vo NATO pa sto i fali?Norveska ne e vo EU pa e najbogata zemja.Vo anketite sto se pravat na primer vo Svecka lugeto najmalku75% bi sakale da iskocat od EU.I valutata si ja zadrzaa.Da se prekine so pljackanje najblago receno,da se prodolzi so pregovori i da se raboti doma,gradonacalnicite da si gi sredat opstinite a ne da gi kradat parite.Na primer vo Svecka dvajca ministri se otkri deka ne plakale TVpretplata i vednas si dadoa ostavka uste na pocetokot na svojot mandat.
Од: Archelay
Датум: 02.06.2008 07:47:03
Toj sto zagina,spored zaklucokot na avtorot na napisot,treba da se proglasi za heroj.Takvo nesto t.n.Megunarodna zaednica odvaj ceka.Do koga Utrinski ke tolerira vakvi "demokrati"?
Од: Makedonec vo EU
Датум: 02.06.2008 07:52:19
Mina napisala "Norveska ne e vo EU pa e najbogata zemja". Slicni izjavi ima za Svajcarija. Prvo, Norveska ne e najbogata zemja. Vtoro, Norveska ne granici so Kosovo, Albanija, Srbija, Bugarija i Grcija. Treto, Norveska (prakticno) nema Islam. Cetvrto, i najvazno, Norvezanite ne prifakjaat da jadat korenja, kako sto izjavuvaa mnogu Makedonci pred ovie izbori..
P.S. Se pisuva Svedska, a ne Svecka..
Од: eleni
Датум: 02.06.2008 08:35:51
Na olimpijadata vo Minhen 1972, zaginaa duzina izraelski sportisti i poradi "demokratskoto" pravo na novinarite da vrsat direkten prenos od rasporeduvanjeto na policajcite, koj go sledea teroristite na tv i normalno,akcijata zavrsi sramno za germanskata policija.
Novinarite nekogas "krvavo" gi zarabotuvaat parite.
Од: Intelektualec par exelence
Датум: 02.06.2008 10:46:55
Mora da e mnogu tesko da se bide kako Vas. Zboruvate za mediumite i nivnata uloga vo pobedata na vladeackata koalicija, a istoto go pravite i Vie. Mnogu e smesno covek da Ve gleda odstrana... Se okozivte da mu donesete nekoj glas na sds ama ne Vi uspea... Kakov li e toj zivot? "Po vokacija sum pisuvac na partiski "nezavisni" pamfleti." Tesko Vi e sigurno! Ednas Vi rekov: "Citajte ja Istorijata kako nauka, a ne kako beletristika, za da vidite zosto izgubivte..." Vie NE SFAKATE DEKA VREMETO MENUVA ODREDENI OPSTESTVENI SOSTOJBI ! Vmro Ve pobedi so koncept! Koga bese Ljupco, glasavme protiv nego, a sega e razlicno. Izvadete KONCEPT! Dosta so pamfleti i etiketiranja! Blagodaram.
Од: vmro
Датум: 02.06.2008 11:38:56
Pobedi Ljubco Georgievski i negovata fasisticka ideologija za zapecatuvanje na Makedonija,a potem nejzino razgraduvanje i isceznuvanje.Nazdravje!
Од: grazerin
Датум: 02.06.2008 13:43:33
Za vproslata i segasnata vlast ovie izbori,so pukotnici i so ubistva pominale solidno dobro.Ako ovije izbori pominale dobro togas kakva e nasavaMakedonska demoktatija PUSKA PENDREK .Sekoja cest za novinarot za napisaniov tekst.
Од: aleksandar-london
Датум: 02.06.2008 13:53:04
eve gospodine seznajko-pobedi vmro!
izgubija tvoite ljubimci ex-komunisti i sega sto ke pravime???ke propadne svetot spored tebe a?
krvavi izbori velis-se soglasuvam,no zatoa voopsto ne e vinovna vmro-dpmne kako partija,nitu pak sekerinska...ednostavno nieden makedonec ne e vinoven za toa..albanskite politicki subjekti se tie sto seuste ne im e jasno sto e demokratija i mislat deka so primitivno odnesuvanje i sila na oruzjeto ke postignat nesto..vo momentov imam vpecatok deka zaradi niv odime nazad vo vremeto,namesto napred kon EU.
sekogas e toa taka za makedoncite-zaradi nekoj drug ne ni odi...ili zaradi sosedite drzavi ili malcinstvoto...a dokolku tie ne se precka togas ne ni odi od takvi zajadlivci kako vas gospodine seznajko!
i uste nesto,kolku vi e honorarot za poddrska na koalicijata sonce,preku pisanite mediumi???