ЛИЧНОСТ НА ДЕНОТ
Оливер Кан
Пред неколку дена во Калкута на мечот на Баерн со Мохун Баган, еден од најдобрите голмани во историјата на светскиот фудбал, Оливер Кан, му кажа збогум на фудбалот. Во 55. мин. го замени Ренсинг по што 120.000 гледачи на стадионот со голем аплауз го испратија „Кинг Кан“ во тивка пензија.
Кан, кој ја почна кариерата во Карлсруе, во 1994 година премина во својот најдраг дом Баерн, ќе остане запаметен како бескомпромисен борец, мотиватор, како човек кој секогаш кажувал се' в лице, не само вербално туку и физички, често преминувајќи ја црената линија на цивилизирано однесување. „Ни требаат јајца, јајца, ако знаете што сакам да кажам“, им се обрати на новинарите на една прес-конференција, пластично објаснувајќи го карактерот на своите соиграчи. Човекот, кој има осум титули во Бундеслигата, шест Купа, една титула во Купот на УЕФА и ЛШ и Интерконтинентален куп, бранеше за Германија од 1994 до 20006, а на СП 2002 година ја доби наградата „ФИФА ворлд кап голдн бол“. Слично како и Борис Бекер, и Кан секогаш беше цел на таблоидите, особено во 2003 година, кога се разведе од Симон, поради аферата со Верена Керт. Германската јавност никогаш не му прости што ја остави Симон во осмиот месец од втората бременост, но како и на теренот и во животот секогаш го правел тоа што го мислел. (Н.К.) |