Брoj 2701  понеделник, 02 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Болт од Јамајка со нов светски рекорд на 100 м

Светскиот вицепрвак на 200 м победи во Њујорк со 9,72 сек., две стотинки подобро од рекордот на Пауел

Јамајканските спринтери во саботата го наелектризираа атлетскиот митинг „Рибок гран-при“ во Њујорк, каде што Јусеин Болт постави нов светски рекорд на 100 м, а Вероника Кемпбел-Браун истрча најдобро време сезонава во оваа дисциплина. Болт (21) ја „прелета“ стотката за 9,72 сек., две стотинки побрзо од досегашниот рекорд на сонародникот Асафа Пауел во септември минатата година. Светскиот вицешампион на 200 м „експлодира“ од стартната линија, веднаш стекнувајќи предност во однос на најголемиот конкурент Тајсон Геј од САД, кого на крајот го остави втор со 9,85 сек.

„Имав идеја дека би можел да истрчам светски рекорд“, изјави Болт по извонредната трка. „Бев многу самоуверен кога дојдов тука. Не се стремев за светски рекорд, но денеска ми дојде и го собрав“.

Брилијантната изведба на Болт ја круниса големата ноќ за Јамајка, во која светската шампионка Кемпбел-Браун победи со време 10,91 сек., две стотинки подобро од досега најдобриот резултат на 100 м во 2008 на Американката Елисон Феликс. Американката Џен Стуџински имаше три обида за поставување нов светски рекорд во скок со стап, но не успеа да прескокне 5,02 м, за дозволувајќи се со победа со 4,80 м.

Но, вечерта му припадна на Болт, кој чекаше еден час колку што беше одложен почетокот на митингот поради опасност од луња со громови, како и дополнителни 45 минути, колку што настанот беше во прекин поради громови и светкавици во областа. Но, кога воздухот се расчисти, настапи Болт. Спринтерот висок 1,96 м имаше проблеми на стартот, но одлично одреагира при повторениот почеток на трката поради грешка на друг учесник, експресно избивајќи пред Геј, од кого во ниту еден момент не беше загрозен.

„Ми беше мило за првиот неправилен старт“, прокоментира Болт. „Мојот прв старт не беше толку добар. Знаев дека ако го добијам Тајсон на стартот, сигурно ќе го победам. Мојот тренер ми рече да се концентрирам на трчањето по стартот и токму тоа го направив“.

Во почетокот од месецов Болт го вџаши атлетскиот свет кога истрча 9,76 сек. во Јамајка, во тој момент второ најдобро време на 100 м и само трета негова трка во оваа дисциплина. Геј беше коректен по поразот.

„Ова, дефинитивно, е извонредно за спортот“, рече тој. „Очигледно дека ќе имам работа. Токму сега, капа долу на Болт. Денеска беше негов ден“.


Статијата е прочитана 188 пати.

Испрати коментар

Од: jota
Датум: 02.06.2008 10:59:24
Do krajot na 1980etite nikoj ne postigase svetski rekordi na 100metri zatoa sto vikaa ne postoi doping za sprint samo za dolgi stazi i odednas po 20-25 godisno zatisje pocnaa rekordi da postavaat kako pecurki posle dozd???i gi otkrivaa...no sega demek naukata bila ponapredna i sozdavale vestacki hotmoni i steroidi koi nemozat da gi otkrijat zatoa sto ne gi poznavat i ne gi ni baraat vo krvta...zatoa se somnevam....no sekoja cast deckite od Jamaajka se najbrzi....no?
Од: eu
Датум: 02.06.2008 14:01:31
Mu cetitam na Bolt....no me cudi vo mak.skite medii nitu zbor za vcerasniot golem miting na zlatnata liga vo Berlin kade i jas prisustvuvav medjute 67.000 gledaci i navistina odlicni rezultati i eden fantasticen miting posbno duelot na 400m......

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Бевме црна овца во Би-Би-Си, а сега сите зборуваат за нас
Претходен број
Од денес кредити со повисоки камати
Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ
Зденко
Керим- На светот му требаат ОН, но не денешниве
Црн извештај
Македонија се пласира во баражот за ЕП 2009
Ден на демократијата со загинат и ранети
Судството доби преодна оцена од европските монитори
Последни избори според стари правила
Карикатура
Максимално зголемена потрошувачката на вода и струја поради жештините
Гром усмрти човек во Кочанско
Оливер Кан
Verbatim