Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Стил

Урбан ресторан за поинакво чувство на скопјани

Од неодамна во центарот на Скопје на 600 квадратни метри е отворен новиот ресторан за самопослужување „Дивино“.

На самиот влез ќе ве дочекаат љубезни и ведри ликови, кои се подготвени да ве послужат, или доколку се двоумите околу изборот на она што ви се нуди, тогаш се подготвени да ви помогнат.

Ресторанот е конципиран на две нивоа: долниот дел е предвиден за служење на разновидниот избор на печива, готови јадења и пијалаци, додека во горниот дел се наоѓаат кафетерија и слаткарница.

Околу самиот концепт на ресторанот, проект - менанџерот Костадин Алексов ги открива деталите поврзани со „Дивино“.

„Тимот што работеше на овој проект одлучи дека на Скопје му е потребен ваков ресторан, затоа што во последно време ја следиме европската динамика на живеење, што значи постојано некаде брзаме и ни е потребно место каде што можеме да направиме мала пауза и да бидеме услужени со добра храна, ладен пијалак и убаво кафе. Сите овие нешта ги нуди токму ’Дивино‘“, вели Алексов.

Идејата датира од пред една година, а главен архитект на проектот е Златко Хаџи - Пецов, кој заедно со целокупната екипа го направи ресторанот така како што изгледа и ние сме сите задоволни од него.

„Целната група ни се гости од 7 до 77 години, што значи дека сите можат да се пронајдат и да уживаат во она што го нуди ’Дивино‘. За нас важи мотото потрошувачите секогаш да бидат задоволни и кон тоа ќе се стремиме постојано.Во рамките на изборот на храна најголем акцент ќе биде ставен на македонската кујна, и тоа со особено внимание ќе се следи сезоната за да биде застапено се' што е потребно“, појаснува менанџерот Алексов.

За сите гурмани кои повеќе ја сакаат домашната атмосфера, ресторанот има и свој сервис за испорака, кој преку такси-компанијата „Наше такси“ ќе ги услужува сите граѓани и ќе ги доставува нивните нарачки.

„Дивино“ ги има сите предуслови и амбицијата на вработените да стане едно од најпосетените места, на кое ќе може да се добијат трите најважни работи во светот на гастрономијата: вкусна храна, добра услуга и пријатен амбиент. (И.С.)


Статијата е прочитана 1040 пати.

Испрати коментар

Од: skopjanka
Датум: 06.09.2008 11:40:40
ne pisuva kade tocno se naoga ovoj restoran
Од: од мене
Датум: 06.09.2008 22:30:58
а да пишевте каде се наоѓа точно ресторанов или некаков контакт од нив????

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Концерт на Боки 13-ка на 17 септември за шокирање на публиката
Карираните здолништа атракција во Скопје
Сара Пејлин - републикански ас од ракавот за изборите во САД
Тинејџерската бременост меѓу скандалот и политиката
Гинисовецот постојано урива рекорди
„Густав“ доаѓа пак за шест години
Прекрасно е кога си некому нешто

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.