Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Стил

Гинисовецот постојано урива рекорди

„Животот е краток и затоа секој миг е скапоцен. За да го спознаеш патот на Бога, мора да ја искористиш секоја шанса...

Ивона Саздовска

Ашрита Фурман успеал да го привлече вниманието на јавноста преку соборување на светските Гинисови рекорди под неверојатни околности и услови, кои секогаш се случувале на извонредно егзотични места.

Моментно бројот на неговите рекорди изнесува повеќе од 85, вклучувајќи го и оној рекорд за најмногу соборени рекорди.

Инаку, Ашрита доаѓа од Квинс, Њујорк, и досега немал никакви посериозни проблеми со здравјето, на што се должат и досега постигнатите успеси.

Неговата теорија со која постојано им се обраќа на луѓето е верувањето дека човечкиот капацитет е неограничен и дека сите треба да веруваат во самите себе.

Според него, трите принципи кои се најважни за постигнување баланс помеѓу телесната и менталната рамнотежа се решеноста, концентрацијата и постојаните вежби за зајакнување на телото.

Тоа дека навистина сериозно му пристапил на своето хоби зборува и фактот што Фурман соборил рекорд на сите континенти, вклучувајќи ја и Австралија и Антарктикот.

Во процесот на неговото унапредување веќе дваесет и пет години му помага и медитацијата, а тоа се докажува и со потеклото на неговото име кое значи „Заштитен од Бога“, кое му го дал неговиот професор по медитација Шри Чинмој, кој починал минатата година на 76-годишна возраст.

Во негова чест на денот на неговото раѓање 27 август, Ашрита заедно со својот тим направил совршено изненадување, со кое успеал да собори уште еден Гинисов рекорд.

Имено, тим од 200 помагачи поминале неколку часа во поставување точно 48.523 свеќички на роденденската торта. Свеќичките биле запалени истовремено од точно 80 луѓе, кои со специјален оган морале да го сторат тоа за време од две минути.

Со ова, Ашрита успеал да го собори Гинисовиот рекорд на канадскиот тим кој успеа во септември 2006 година да запали 30 илјади свеќички и на тој начин да го постигне својот 86. Гинис.

Тортата била со големина 15,8 х 5,2 метри, па кога биле запалени свеќичките, изгледало спектакуларно пред насобраната публика која дошла да му оддаде почит на големиот лик и дело на Чинмој.

Фурман во таа пригода изјавил дека Чинмој имал гигантско срце и затоа заслужил неговиот роденден да биде прославен со гигантска торта.

Во колекцијата на негови рекорди се вбројуваат букетот од 101.791 цвеќиња, подводно жонглирање, балансирање шише млеко на глава и уште многу други.

Како голем љубител на животните, Ашрита во фокусот на своето внимание го има и соборувањето на рекорди поврзани со нив.

На неговата Интернет-страница сите поддржувачи на неговите „лудории“ можат да прочитаат безброј интересни приказни кои претставуваат вистинска реалност за Фурман.

Според него, искуството со кое човек се соочува при соборувањето рекорди е од големо значење и има своја трајна вредност за понатаму во животот.

Тој смета дека балансот за него е од особено значење затоа што веќе одамна нервозата и губењето самоконтрола за него се непознати поими.

За него многумина се трудат да ја најдат најдобрата дефиниција, но едноставно не е возможно тоа.

Некои нешта подобро е да не се трудиме да ги објасниме. Ашрита Фурман е едно од тие нешта. Овој човек е атлетски феномен, чија способност понекогаш се граничи со чиста имагинација.


Статијата е прочитана 478 пати.

Испрати коментар

Од: Bojana
Датум: 06.09.2008 01:45:02
Sekoja cest. Treba postojano da vlozuvame vo svojata mentalna i fizicka cvrstina,ziveejki vo duhot na ovoj princip apsolutno nisto ne e nevozmozno.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Концерт на Боки 13-ка на 17 септември за шокирање на публиката
Урбан ресторан за поинакво чувство на скопјани
Карираните здолништа атракција во Скопје
Сара Пејлин - републикански ас од ракавот за изборите во САД
Тинејџерската бременост меѓу скандалот и политиката
„Густав“ доаѓа пак за шест години
Прекрасно е кога си некому нешто

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.