Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Стил

Тинејџерската бременост меѓу скандалот и политиката

Вечно актуелната тема за проблемите на малолетничката бременост, по веста за бременоста на 17-годишната ќерка на Пејлин, на некој начин доби третман на дневнополитичка атракција


Колку што кандидатурата на Сара Пејлин за потпретседателка на САД ја разбранува политичката јавност на најмоќната земја на светот, бременоста на нејзината 17-годишна ќерка предизвика уште посилен интерес во медиумите, па дури и кај политички индиферентните. Младата Бристол очекува дете со една година постарото момче Леви Џонсон, а веста целосно ги засени дури и политичките пораки упатен од партиската конвенција на републиканците што се одржа во Сент Пол. Дури и противкандидатот на Џон Мекејн (шефот на Пејли), демократот Барак Обама, беше предизвикан да застане во одбрана на „баракудата“, изјавувајќи дека е непримерено да се зборува за малолетничката бременост на нејзината ќерка, наведувајќи го личниот пример дека неговата мајка го родила на 18 години. Така, вечно актуелната тема за проблемите на малолетничката бременост на некој начин доби третман на дневнополитичка атракција и предизвика „враќање на филмот“ за некои други познати тинејџерски бремености.

Помладата сестра на Бритни Спирс, Џејми Лин, со нејзините нежни 16 години објави дека чека бебе. Иако таткото на детето Кејси Олдриџ отпрвин го негираше татковството, на крајот, сепак, ја призна ќерката Меди, а тетката Бритни е пресреќна што добила внука.

Покојната старлета Ен Никол Смит своето прво дете, синот Даниел, го родила како 17-годишна келнерка во тексашки ресторан. Среќен татко бил тогашниот сопруг, готвачот Били Вејн Смит, но двојката се развела кога Даниел имал само една година. За жал, двајцата завршија трагично: Даниел изврши самоубиство, предозирајќи се со лекови, а скршена од тага, неговата мајка си го одзеде животот на ист начин.

Тејлор, еден од тројцата браќа од тинејџерската музичка сензација Хансон, стана татко на 19 години. Неговата една година помлада сопруга Натали го роди синот Џордан во 2002 година, а три години подоцна ја добија ќерката Пенелопе. Но, не застанаа на тоа: третото дете, синот Ривер, е роден во септември 2006 година.

Соланж, сестрата на многу популарната Бијонсе Ноулс, првото дете, синот Даниел Џулз Џеј Смит, го родила како осумнаесетгодишна. Се омажила за таткото на детето, играчот на американски фудбал од Тексас, Даниел Смит, но бракот пропаднал.

Кејша Кастл - Хјуз на 16 години објавила дека очекува дете со момчето од средно училиште Бредли Хјул. Девојчето Фелисити Аморе е родено во април, а актерката, која за улогата во филмот „Јавачка на китови“ беше номинирана за „Оскар“, го опиша породувањето како „неверојатно ��скуство“.

Победничката на американскиот „Идол“ Фантазија Барино била самохрана мајка кога на 17 години го напуштила средното училиште. Во едно интервју открила дека е неписмена, па силно ја погодил фактот дека денес не може да и' чита приказни на шестгодишната ќерка Зион.

Кралицата на ток-шоуто Опра Винфри во својата емисија открила дека како 14-годишно девојче останала во блажена состојба, што во тоа време го криела од најблиските. Детето е родено прерано и умрело брзо по породувањето. (Ј.П.)



Статијата е прочитана 699 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Концерт на Боки 13-ка на 17 септември за шокирање на публиката
Урбан ресторан за поинакво чувство на скопјани
Карираните здолништа атракција во Скопје
Сара Пејлин - републикански ас од ракавот за избор��те во САД
Гинисовецот постојано урива рекорди
„Густав“ доаѓа пак за шест години
Прекрасно е кога си некому нешто

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.