Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Стил

Сара Пејлин - републикански ас од ракавот за изборите во САД

До пред неколку месеци се веруваше дека Хилари Клинтон ќе биде женската ѕвезда на изборите во САД 2008, но Џон Мекејн го направи со Сара Пејлин

Јасминка Павловска

Мајка на пет деца, која лови лосови и од нивното месо прави хамбургери, членка на Natonal Riffle Asociation, моќна организација која го брани правото на чување оружје, маратонка, менаџерка на хокеарски тим која ужива во управување со авион, моторни санки и во риболов на мраз, стана прва републиканка кандидирана за потпретседателско место во државата која се гордее со квалификацијата на „светски полицаец број 1“. Сара Пејлин, гувернерката на Алјаска со сериозен политички ангажман од само две години, речиси е шокантен избор на републиканскиот кандидат за претседател на САД Џон Мекејн.

Сара Баракуда, како што ја нарекле колегите од колеџот поради агресивното играње кошарка, изнуркала речиси од никаде, па многу членови на партијата тврдат дека Мекејн, сам од своја рака си го истргнал адутот на неискуството, што до сега го користеше како силен аргумент против Обама.

Гувернерката Сара Пејлин, освен што и' е непозната на пошироката публика, дури и во САД, помлада е дури и од Барак Обама. Родена е во Ајдахо, а од 1964 година живее на Алјаска. Протестантка, со диплома за новинарство од Универзитетот во Ајдахо.

Пејлин е мајка на пет деца - 19-годишниот Трек, ќерката Бристол (17), Вилоу (14) и Пајпер (7), како и четиримесечниот Триг. Најстариот син минатата година се пријавил во војска, а најмладиот син, роден пред четири месеци, има Даунов синдром.

Последните денови американските медиуми големо внимание посветуваат на приватниот живот на потпретседателската кандидатка на Мекејн - Сара Пејлин. Така, наголемо се пишува за бременоста на нејзината 17-годишна немажена ќерка, па штабот на Мекејн објави соопштение со желба да ги демантира гласиштата на Интернет, според кои синот на Сара Пејлин, роден во април со Даунов синдром, всушност, е син на нејзината малолетна ќерка Бристол, додека гувернерката ја „лажирала“ бременоста.

Нејзиниот избор шокираше многу републикански функционери. Одбирајќи ја Пејлин, Мекејн прескокнал повеќе влијателни партиски фигури, кои во последните месеци се споменуваа во потесниот избор за место на потпретседател, а меѓу нив гувернерот на Минесота - Тим Поленти, бившиот гувернер на Масачусетс - Мит Ромни, како и бившиот гувернер на Пенсилванија - Том Риџ.

„Сара Пејлин е прекрасна личност“, ја фали Мекејн. Со 44 години, таа е мајка на пет деца, а за разлика од потпретседателскиот кандидат на Обама, Џо Бајден, таа не припаѓа на вашингтонската политичка елита.

Сара Пејлин себеси се смета за социјално ангажирана републиканка. Вложила рекорден износ од 5 милијарди долари за обнова на образовниот систем на Алјаска. Создала државен фонд за сиромашни пензионери и основала совет за животна средина, кој ќе ја разгледува климатската стратегија за Алјаска.

Пејлин бескомпромисно се залага за интензивно истражување нови наоѓалишта на нафта, дури и во заштитените предели на Алјаска. Притоа, таа истакнува дека нафтените полиња што се наоѓаат и во заштитените резервати се од егзистенцијална важност за американската политичка независност.

Како борбена се покажа Мекејновата потпретседателка и кога станува збор за недостатоците во редовите на сопствената партија. Бескомпромисно ги стави на столбот на срамот некои републикански партиски колеги од Алјаска и отворено го поздрави нивното апсење. Сара Пејлин е исклучително наклонета кон конзервативните ставови, противничка е на абортусот, што би можело да ја привлече христијанската конзервативна база, која го избрала Џорџ Буш, а која му беше исклучително ненаклонета на Мекејн.

Тој, исто така, се надева дека неговата кандидатка ќе ги привлече гласовите на жените, кои беа на страната на Хилари Клинтон, но и на белите работници од северот на земјата. Во секој случај, тој со овој избор успеа да го привлече вниманието на медиумите, кои загризаа на приказната за девојката која била мис на својот роден град Вејсил, а која подоцна двапати била избрана за негова градоначалничка. Пејлин (44) е гувернерка на Алјаска од 2006 година, како прва жена и најмлада личност на таа позиција. За својата досегашна политика ужива 80 процентна поддршка на граѓаните на Алјаска.

„Таа има карактер, интегритет, добро чувство и силна преданост кон општото добро, што е токму она што денес ни е потребно во Вашингтон“, рекол Мекејн.

Пејлин ќе биде првата жена републикански кандидат за потпретседател на САД и втора во американската историја по демократската кандидатка Џералдина Фераро од 1984 година.

Како градоначалничка на малиот град Вејсил и политички аутсајдер на изборите во 2006 година, успеала да го победи етаблираниот републикански гувернер Френк Мурковски на предизборите, како и демократскиот гувернер во два мандата Тони Ноулес. Нејзиниот гувернерски мандат не минува без контроверзии, па така се наоѓа под истрага поради обвинувањето дека го отпуштила државниот повереник за јавна безбедност, зашто одбил да му даде отказ во полицијата на нејзиниот бивш зет.

Сите коментатори се согласуваат со тоа дека Џон Мекејн повлекол ризичен потег, кој би можел да му донесе популарност, но и кој би можел и сосема да го закопа, зашто демократите ќе инсистираат на тоа дека оваа жена е сосема неспособна да биде главен командант на американските вооружени сили ако на Мекејн, како претседател, му се случи нешто, што не е исклучено поради неговата возраст.

 


Статијата е прочитана 494 пати.

Испрати коментар
На��ди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Концерт на Боки 13-ка на 17 септември за шокирање на публиката
Урбан ресторан за поинакво чувство на скопјани
Карираните здолништа атракција во Скопје
Тинејџерската бременост меѓу скандалот и политиката
Гинисовецот постојано урива рекорди
„Густав“ доаѓа пак за шест години
Прекрасно е кога си некому нешто

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.