Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Стил

„Густав“ доаѓа пак за шест години

Светската метеоролошка организација за тропските бури има составено список со 21 име, од кои секое започнува со буква од англиската абецеда

Движењето и развојот на тропските бури, тајфуни и урагани се следи од 1850 година. Заради полесно следење на нивните преместувања, метеоролозите им даваат имиња, зашто истовремено на океанот може да дивеат повеќе бури и на тој начин метеоролозите поточно ја прогнозираат нивната насока и подрачјата што ќе ги погодат. На пример, кога бурата „Алфа“, која се заканувала со развој во ураган, се споила со големиот ураган „Вилма“.

Светската метеоролошка организација за тропските бури има составено список со 21 име, од кои секое започнува со буква од англиската абецеда, освен ако не станува збор за тропски бури во Атлантскиот Океан. Тогаш се избегнуваат имиња што започнуваат со латиничните букви: u, q, z. Низ историјата, луѓето ги давале имињата на бурите според имињата на светците - кога ќе се појавела, името го добивала според светецот што е одбележан тој ден во католичкиот календар. На пример, ураганот „Сан Фелипе“, кои го разорувал Порторико во 1876 година, наречен е според свети Филип.

Во Втората светска војна, метеоролозите што работеле за војската ја започнале долгата традиција на именување на тропските бури со женски имиња. Во 1979 година, Светската метеоролошка организација поради жестоките феминистички истапи решила да почне да ги крсти ураганите и со машки имиња, па така феминистките добиле уште една битка во „војната“ на машко-женската дискриминација, која постоела дури и во лингвистичко - метеоролошки рамки.

Се претпоставува дека бројот на тропските бури нема да биде поголем од 21, а ако сепак се случи тоа, правило е да се избираат имиња според грчкиот алфабет. Ураганот „Бета“, кој во 2005 година беше 23. бура и 13. ураган во сезоната на Карипско Море, е прв ураган што добил име според буква од грчкиот алфабет. Во таа година се забележани дури 27 урагани, па последните шест се наречени: „Алфа“, „Бета“, „Гама“, „Делта“, „Ипсилон“ и „Зета“. Наводно, постоела иницијатива ураганите да се нарекуваат и според градинарски растенија што не сакаме да ги јадеме. Статистиките покажуваат дека мошне популарното име во САД - Катрина по ураганот станало многу ретко.

Инаку, постојат шест списоци на имиња за урагани, па 21. име од 2008 година („Артур“, „Берта“, „Кристобел“, „Доли“... „Феј“, „Густав“) повторно ќе бидат актуелни за тропските бури што ќе ја одбележат 2013 година. Ако силата на ураганот е исклучително јака и ако неговите последици се разорни, како што беа оние во Њу Орлеанс, кога градот го разурна „Катрина“, името се заменува со ново со иста почетна буква ( во 2010 година ���Катрина“ ќе ја замени „Карл“), или со тоа име ураганите не се нарекуваат најмалку десет години.

Дури за секое подрачје во светот постои составен список на имиња за вакви временски непогоди, како за тајфуните на Пацификот, така и за ураганите на Атлантикот. Дури и секој обичен циклон добива име.

Ураганите што дивеат во Америка стигнуваат и до Европа, но со преминувањето на Атлантскиот Океан, тие сосема ја губат својата разорна моќ и кога ќе стигнат на европската почва, остануваат само обични циклони. Дури и „Катрина“ стигнала во Европа, но нејзината сила не била ни приближна на онаа што ја имала во Америка.

 


Статијата е прочитана 293 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Концерт на Боки 13-ка на 17 септември за шокирање на публиката
Урбан ресторан за поинакво чувство на скопјани
Карираните здолништа атракција во Скопје
Сара Пејлин - републикански ас од ракавот за изборите во САД
Тинејџерската бременост меѓу скандалот и политиката
Гинисовецот постојано урива рекорди
Прекрасно е кога си некому нешто

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.