Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Прекрасно е кога си некому нешто

Својата музичка биографија и кариера Жељко Крушлин - Крушка почнува да ја создава како студент на Економскиот факултет во Загреб

Јасминка Павловска

Ретко се случува кога некој ќе ве демантира во самоувереноста да го задржите пријатното чувство и доживување за тој човек. Токму такво, од редок тип се покажа случајното познанство со Жељко Крушлин, во Хрватска најпознат само како Крушка, сестран музичар, кантавтор, потписник на бројни хитови, слушани и во Македонија, кои допреле до нас како „дело на неоткриен автор“, без малку како народно творештво. Изненадувачкиот момент, рамен на „откритие“ се случи со сознанието дека песната „Дивно је бити некоме нешто“ („Прекрасно е да се биде некому нешто“), која е дел од редовниот репертоар и во настапите на македонските музичари, е всушност дел од творештвото на Крушка.

- Таа песна е создадена уште во 1978 година, но дури во 1992 година ја имаше среќата да ја издадам на првиот албум на мојата група „Латино“ , да стане хит и препознатлив белег на мојата кариера, ја започнува приказната Крушка.

Без „комплекси“ од незнаењето на македонската публика, која случајно се нашла на одмор на хрватскиот дел од Јадранот, Крушка со восхит почнува да зборува за македонската музика, а како „доказ за почитта“, веднаш изведува сплет од македонски народни песни.

- Знаете ли дека вашиот седум-осмински такт на Музичката академија во Грац, Австрија, се изучува како „македонски ритам“? Јас го обожавам зашто има безброј варијации, цело мало богатство, особено во изведба на Гаро од „Леб и сол“... Навистина е тешко да не ја сакаш македонската музика“, накусо го аргументира Крушка своето познавање на македонската музика. Покрај тоа, заинтересиран е и за состојбите во спортот, а како бивши ракометар и автор на химната на хрватската ракометна репрезентација („Пеколна машина“), воодушевен е од играта на нашиот Кире Лазаров, кој сега игра во Загреб, ракометниот клуб за кој некогаш играл и Крушка. Додека тој ги презентира своите широки познавања за Македонија, за неговата осумгодишна ќерка Едита тоа е земјата од каде што е Тоше!

Својата музичка биографија и кариера Жељко Крушлин - Крушка почнува да ја создава како студент на Економскиот факултет во Загреб и има вистински романтичен призвук на „боемска рапсодија“.

-Во 1975 година победив на натпревар на млади таленти во Хрватска и со сиот речиси детски ентузијазам верував дека сите врати ми се отворени - најдобро раскажува во прво лице, Крушка. Отсекогаш сум создавал свои песни, но набргу открив дека за пробив до дискографите потребно е нешто повеќе од талент и музичка умешност. А јас никогаш не сум бил менаџерски настроен и долго време ми требаше да научам како да се борам ��а својата позиција. Најмногу сум настапувал како уличен свирач, на разни забави, со група, или сам... за дури во 1981 година да го издадам мојот прв сингл за дискографијата „Сузи“. И тогаш добивав само тапкање по рамо, но никако конкретна поддршка. Во 1989/ 90 почнав да настапувам во клубот „Сокол“ во Загреб, правејќи латинозабави со еден музичар од Панама и еден од Венецуела. Таму доаѓаа етаблирани ѕвезди на естрадата, па некако почнаа да ме забележуваат. Но, вистинскиот пресврт се случи во 1992 година, кога мене и мојот бенд „Латино“ не' слушна еден бизнисмен, кој реши да инвестира во нас и да го издадеме првиот вистински албум што го нарековме „Дивно је бити некоме нешто“, според песната што ја напишав уште во 1978 година. На тој албум беа песните „Све ќу жене варати“ („Ќе ги мамам сите жени“), „Анѓела“... и во Хрватска започна да владее вистинска латино манија. Кулминацијата мислам дека беше со вториот албум „Гдје је љубав, ту си ти“ („Каде што е љубовта, тука си и ти“) и песните „Анита“, “Не кунем љубав“ („Не ја колнам љубовта) ... и концертот во „Шалата“ во Загреб, пред 10.000 луѓе. Во 1996 година одржавме два концерта на истото место, исто пред десетилјадна публика. Годишно свиревме од 150 до 170 концерти низ Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина... Бев прогласуван за најдобар композитор... Сепак, добро научив во текот на мојата кариера дека лебот на музичарите е со девет кори - вели Крушка.

И покрај тоа што најмногу сака сам и со свој бенд да ги изведува своите песни, пишува и за други хрватски изведувачи, како бендот „Газди“, соработувал со Сања Долежал, Нина Бадриќ, Даниела Мартиновиќ... Посебно е горд на химната што ја напишал за хрватската ракометна репрезентација, кога станаа светски прваци на СП во ракомет 2003, во Португалија и неговото „кумство“ - нарекувајќи ги „Пеколна машина“. Признава дека во пишувањето на текстовите, последниве години има голема помош од сопругата Ивана, инаку новинарка во ХТВ. Крушка долго не бил во Македонија и иако се' уште јасно се сеќава на вкусот на охридската пастрмка и ќебапчињата на „Дестан“ во скопската Стара чаршија, со задоволство би се потсетил на нив, а би сакал и да настапи пред македонската публика, па и да соработува со македонските музичари.

- Всушност, прекрасно е да бидеш некому нешто - констатира на крајот Жељко Крушлин- Крушка.

 


Статијата е прочитана 676 пати.

Испрати коментар

Од: Dinko
Датум: 08.09.2008 13:14:28
Šta reći nego... Divno je biti nekome nešto...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Концерт на Боки 13-ка на 17 септември за шокирање на публиката
Урбан ресторан за поинакво чувство на скопјани
Карираните здолништа атракција во Скопје
Сара Пејлин - републикански ас од ракавот за изборите во САД
Тинејџерската бременост меѓу скандалот и политиката
Гинисовецот постојано урива рекорди
„Густав“ доаѓа пак за шест години

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.