Број 2809  сабота, 11 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Ловџиите најавуваат протест доколку не се смени Законот за ловство

Повеќе од 30.000 ловџии најавуваат протести и блокади на патишта доколку не се донесат измени во Законот за ловство по консултации со ловџиите. Ловџиите забележуваат дека, и покрај ветувањата на актуелната власт за време на изборите, Законот не е изменет по европски терк. Според претставници на Ловечката федерација на Македонија, неколкуте минорни измени не го подобруваат Законот, кој последен пат беше изменет во 1996 година.

„Законот е препишан. Така, наместо да се подобрат состојбите, ништо не се менува“, тврди претседателот на Ловечката федерација, Радован Чешмеџиски. Главните забелешки на Федерацијата се однесуваат на контролата на ловиштата, обучувањето на ловџиите и на контролата на ловењето дивеч.

Според информациите на Ловечката федерација, денес речиси 30 отсто од ловиштата се надвор од контрола на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, поради тоа што поминале концесиите. Така, значаен дел од ловџиите не знаат што да прават и каде да се обратат за ловење дивеч.

Контролата на ловот на дивечот е втор поголем проблем со кој се соочуваат ловџиите. Од Ловџиската федерација тврдат дека за контрола на ловот на дивечот се ангажирани петнаесетина инспектори од Министерството, кои истовремено се задолжени за контрола на земјоделската и на шумарската дејност.

„Во овој случај, ловџиите се оставени настрана. Ако ние не знаеме како да се грижиме за дивечот и плански да го ловиме, тогаш кој знае? Сигурно не некој однадвор“, вели Чешмеџиски. Претседателот на Федерацијата апелира за инволвирање на ловџиите во контролата на ловењето дивеч, со цел да се спречи неговото евентуално истребување. Од Ловечката федерација апелираат да не се исклучат ловџиите од контрола на полагање ловџиски испит. Според Чешмеџиски, со новиот закон не е предвидено присуство на ловџии од Ловечката федерација при полагање ловџиски испит, што е неприфатливо.

Од Ловечката федерација апелираат Законот за ловство повторно да се разгледа. Во случај да не се земат предвид нивните забелешки, ловџиите најавуваат протести пред Владата и на неколку патни правци. (А.П.)


Статијата е прочитана 333 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Воздржаност за предлогот на Метју Нимиц
Колку е ефикасен македонскиот правосуден систем?
Експертите бараат Законот за прислушување да се врати во Собранието
Приведени две лица за инцидентот со граничниот камен
Парите причина за расколот меѓу МПЦ и австралиските епархии
МПЦ би била Титова творба без титулата Охридска архиепископија
Разрешувањето на одборите во Велес незаконско
Соработка на три рурални општини и Штуловиот универзитет