Приведени две лица за инцидентот со граничниот камен
Две лица се приведени по отстранувањето на граничниот камен на северниот дел на границата, во делот на Косово. Случајот е процесуиран до правосудните органи, информираше вчера министерката Гордана Јанкулоска, повикувајќи се на информациите од косовската страна. „Инцидентот во ниедна форма не го нарушува процесот на демаркација на граничната линија, која е во завршна фаза и не влијае на безбедносната состојба во регионот“, рече Јанкулоска. Според неа, од македонската страна од границата нема никакви оштетувања на граничниот камен. (Д.Р.)
|