Број 2809  сабота, 11 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Разрешувањето на одборите во Велес незаконско

ВЕЛЕС - Постапката за разрешување на членовите на училишните одбори во основните училишта во Велес што ја изгласа владејачкото мнозинство во Советот на Општина Велес предводено од ВМРО-ДПМНЕ е незаконита. Потврда на ова стаса лично од министерот за образование и наука, Перо Стојановски. Тој во дописот до локалните власти на Велес, кој следува како одговор на барањето на Општината за толкување на законот, објаснува дека мандатот на членовите во училишните одбори во основните училишта трае до истекот на нивниот мандат, односно четири години.

Според градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, на ниту еден член од училишните одбори не му е истечен мандатот. Токму поради тоа стручната служба на Општината веќе подготвува иницијативата пред Уставниот суд за преиспитување на уставноста на актите што ги донесе велешкиот Совет.

Во меѓувреме, Советот двапати гласаше позитивно за разрешување на членовите на училишните одбори. Образложение за смените беше дека досега тие биле место каде што биле вгнездени кадри на СДСМ и на ЛДП, а дека сега се поставуваат нови и квалитетни луѓе. (С.Ќ.Н.)


Статијата е прочитана 325 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Воздржаност за предлогот на Метју Нимиц
Колку е ефикасен македонскиот правосуден систем?
Експертите бараат Законот за прислушување да се врати во Собранието
Приведени две лица за инцидентот со граничниот камен
Парите причина за расколот меѓу МПЦ и австралиските епархии
МПЦ би била Титова творба без титулата Охридска архиепископија
Ловџиите најавуваат протест доколку не се смени Законот за ловство
Соработка на три рурални општини и Штуловиот универзитет