Соработка на три рурални општини и Штуловиот универзитет
ТЕТОВО – Три рурални општини - Желино, Сарај, Чучер-Сандево и УЈИЕ вчера во Тетово потпишаа меморандум за побрз социоекономски развој. Градоначалниците Ќенан Алиу, Беким Фазлиу и Воислав Киранџиќ се убедени дека со ова се отвораат можности за користење пари од ИПА- фондовите. Локалните власти сметаат и на поддршка од Владата. Кадрите на Штуловиот универзитет активно ќе се вклучат во плановите и проектите на трите рурални општини. (Г.Е.) |