Број 3079  сабота, 05 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија
Заздравувањето со падови и пораст

Париз - „Светската економија ќе заздравува многу побрзо отколку што досега се предвидуваше, макар што тоа веројатно ќе биде бавно уште некое време“, соопшти Организацијата за меѓународна соработка и развој ОЕЦД. Во соопштението се вели дека оваа година рецесијата во Јапонија и во еврозоната ќе биде помалку остра отколку што оваа организација предвидуваше во јуни, додека шансите на САД се непроменети. На прес- конференција, еден од водечките економисти во ОЕЦД, Јорген Елмесков, изјави дека „фактори за брзо економско заздравување на 30 земји-членки се подобрување на финансиските услови, пораст на трговијата и завршување на неповолниот тренд во индустријата“. Тој, меѓутоа, предупреди дека заздравувањето ќе биде „колебливо, со падови и пораст“.ОЕЦД сега очекува дека индустриски најразвиените држави во оваа година ќе имаат економски пад од 3,7 отсто, а не од 4,1 отсто, како што беше прогнозата во јуни. Европа ќе има пад од 3,9 отсто, а не од 4,8 проценти, додека во Јапонија ќе биде 5,6 отсто, а не 6,8 проценти, колку што беше предвидено во јуни.

Новата прогноза на ОЕЦД предвидува и пораст на невработеноста. „Невработеноста може да ги намали потрошувачкиот морал и потрошувачката, што може да го загрози економското заздравување“, велат од ОЕЦД. (МИА)


#
Статијата е прочитана 166 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Падна ДДВ за становите
Со ваков ребаланс нема пониски камати
Стопанствениците ќе можат да влијаат врз законите за бизнис
Измените во законот упад во синдикатите
Дигиталната безжична телевизија на „Телеком Словенија“ наесен
Повторно ќе се пуши во кафулињата
„Луфтханза“ ја презеде „Аустријан ерлајнс“
Инвеститорите го селат бизнисот во странство