Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Свет

Со Москва завладеа човек на Кремљ

Тој е човек од најтесниот тим на најпознатиот руски политички тандем Путин - Медведев

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

МОСКВА - Нов градоначалник на Москва од четвртокот е Сергеј Семјонович Собјанин (52), кој на таа функција дојде по експресната смена на Јуриј Лушков. Собјанин на местото градоначалник го именуваше претседателот на Русија, Дмитриј Медведев, бидејќи одлично го познава од времето додека заедно работеле во Кремљ, а Градското собрание во четвртокот само формално ја потврди одлуката на првиот човек во државата. Новиот градоначалник на столот е чо��ек со богата политичка биографија, но широката руска јавност за него малку знае. Иако Собјанин досега беше потпретседател на руската влада, значи близок соработник на Владимир Путин, за него ретко се пишуваше, па тоа е и причина што многумина го поставија прашањето: кој е новиот татко на Москва?

Сергеј Собјанин ја водеше претседателската кампања на Дмитриј Медведев. Пред тоа беше шеф на претседателската администрација на Владимир Путин, кој го доведе за таа функција „како нов човек“ што не е вплеткан во стари чиновнички и други игри. Сето тоа покажува дека Собјанин е од најтесниот тим на главниот руски политички тандем Путин - Медведев, а, според се', долго ќе владее со најголемата словенска земја.

Сергеј Собјанин е роден во западен Сибир, во 1958 година, во едно село во покраината Ханти-Мансиск. Прва работа му била во Чељабинск, во тамошната фабрика за цевки каде што работел како работник. Многу брзо станал мајстор, а потоа како бистро момче станал комсомолец, значи, младински раководител што во СССР беше гаранција за политичко напредување. Се образуваше додека работеше, па затоа стана и партиски раководител. Собјанин, работејќи во администрацијата во Ханти-Мансиск, напредуваше и во научната кариера, па во 1989 година стана доктор по право со тезата „Правната положба на автономните окрузи како федерални субјекти во Русија“.

Собјанин во 1991 година, на 33-годишна возраст, стана градоначалник на Когалим, град во областа Ханти-Мансиск. Потоа стана заменик-раководител на таа автономна област, за подоцна и претседател на Собранието на областа. По клуч е избиран и во федералните органи. Губернатор на Тјуменската област, многу богата со гас и нафта, стана во 2001 година. Таа позиција му даде можност уште повеќе да соработува со раководството на руската влада, како и со врвот во Кремљ. Оженет е и има две деца. Сопругата Ирина е градежен инженер, постарата ќерка Ања, која живее во Санкт Петербург, е индустриски дизајнер, а младата Олга е ученичка во Москва.

Главна задача на Собјанин како градоначалник на Москва сега ќе му биде да го зачува високото ниво на развој на главниот град на Русија, но и да ја спречи и намали прилично големата корумпираност на чиновниците. Втората задача ќе биде многу тешка, бидејќи оние што досега беа вклучени во „московската кујна“ ќе настојуваат колку што е можно подобро да работат по старите рецепти. Јуриј Лушков сакаше да се фали дека московскиот градски буџет изнесува 40 милијарди долари. Од Москва само Њујорк и Токио имаат поголем годишен градски буџет што изнесува повеќе од 50 милијарди долари.


#
Статијата е прочитана 841 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Пентагон не сака геј-војници
Санадер повторно меѓу Хрватите
Москва да плати за забранета геј-парада
Словенија му го зеде имунитетот на Јанез Јанша
Охридско Eзеро во орбитата на Сатурн
Нов почеток за Ромите во Европа
Tајфунот „Меги“ ги затвори нафтените платформи
Колку глави од октопод треба да се јадат?
Бомба уби деветмина на Филипини
Земјата станува претесна!
Бугарија ја блокира Турција за ЕУ
Мубарак оди на шести мандат
Обама типува на жените
Добил 113 милиони фунти на лото
Во Германија живеат над илјада исламисти






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency