Добил 113 милиони фунти на лото
Добитникот на рекордната премија на европската лотарија „Евромилион“, од 113 милиони фунти (околу 135 милиони евра), се појавил со уплатеното ливче и веќе ја подигнал наградата, но инсистирал да остане целосно анонимен, соопшти денеска компанијата „Камелот“ која е оператор на оваа игра на среќата во Велика Британија, јави дописникот на МИА од Лондон.
Среќниот добитник се пријави за подигнување на главната премија после речиси две недели целосно молчење. Лондонските медиуми тврдат дека станува збор за човек или за група луѓе, со ливче уплатено во англискиот град Ковентри, но претставник на компанијата одби да ги потврди таквите пишувања, бранејќи се со бара��ето на добитникот. |