Мубарак оди на шести мандат
Претседателот Хосни Мубарак (82) следната година ќе се обиде да обезбеди реизбор. Првиот човек за односи со јавноста на Националната демократска партија за Ројтерс изјави дека формалниот процес на номинација ќе се случи на еден или два месеци пред гласањето, датум, кој се' уште не е утврден, иако се очекува во втората половина од 2011 година. Изборите што се на повидок поттикнаа шпекулации околу тоа дали Мубарак, кој е на власт од 1981 година, ќе бара шести мандат. Ако тоа не се случи, многумина веруваат дека неговиот син Гамал (46), би можел да се кандидира или, веројатно, друг кандидат со воено искуство. |