Tајфунот „Меги“ ги затвори нафтените платформи
Неколку клучни нафтени платформи на југ во Кина беа затворени вчера во очекување на налетот на тајфунот Меги, и поради тоа се откажани испораките на гориво, а нафтени танкери се преместени во помирни води.
Меги, еден од најголемите тајфуни кој го погоди јужниот кинески брег, треба денес, сабота, да биде источно од Хонг Конг откако ќе мине низ северниот дел од Филипини. |