Колку глави од октопод треба да се јадат?
Властите во јужнокорејскиот главен град се обидуваат да се извлечат од подмолниот метеж: колку глави на октоподи е безбедно да се јадат? Глава од октопод е омилено јадење на полуостровот, поради неговите афродизијачки квалитети. Градските власти на Сеул ги налутија рестораните и рибарската индустрија кога обелоденија дека главите на октоподите содржат опасни количини кадмиум, канцероген што ги труе црниот дроб и бубрезите. Тие советуваа да не се јадат повеќе од две главни дневно. Налутените рибари се заканија дека ќе ја тужат власта, а нивната причина ја привлече имагинацијата на јавноста кога законодавците, кои ги претставуваа своите избирачи, донесоа октопод на сесијата на националното собрание што предизвика смеа додека тој се обидуваше да избега од теглата. |