Број 3261  понеделник, 19 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Грузија испраќа принцеза за амбасадор

Грузија се обидува да и' остави впечаток во Германија, која ги гледа трговските врски со Русија како витални, а поранешната советска кавкаска република како проблем. Па, кој може подобро да го исполира имиџот на Грузија таму од член на семејството Хабсбург образован во Германија? Нова грузиска амбасадорка во Берлин е Габриела Марија Шарлот Фелиситас Елизабет Антонија фон Хабсбург - Лотринген, најстарата кралска ќерка и надвојвотка од Австрија, принцеза од Унгарија и од Бохемија. Едно вакво име, вели претседателот на Грузија, Михаил Саакашвили, треба да отвора многу врати.

Импозантна личност на дипломатската сцена во Берлин е рускиот амбасадор во Германија, Владимир Котенев, неуморен човек од џет-сетот, кој ја предводи веројатно најголемата амбасада во Европа. Госпоѓа Фон Хабсбург (името што таа го преферира), покрај нејзините титули, нема да има толку готовина колку што ќе одговара на нејзиното име. Меѓутоа, таа би можела да помогне Германците повторно да размислат за европските корени и иднината на Грузија. Родена во Луксембург, порасната во Германија и во Австрија, фон Хабсбург е полиглот и авангарден скулптор, специјализирана за огромни дела направени од челик што се изложуваат на отворено. Таа живееше во Грузија до 2001 година, стана грузиски државјанин и доби наредба за извршување на таа работа.

Според стандардите на нејзиното семејство, дипломатското место во Берлин не е особено егзотично. Наследниците на хабсбуршките цареви помогнаа да се забрза падот на советската империја, особено со подготвувањето на прекуграничниот егзодус од Унгарија во Австрија во летото 1989 година, што ја направи првата голема дупка во железната завеса. Меѓу шесте браќа и сестри на фон Хабсбург, нејзината најмлада сестра Валпурга е водечки конзервативен политичар во Шведска, а брат и' Георг е специјален емисар на Унгарија. Другиот беше член на Европскиот парламент.

Нејзиниот татко Ото фон Хабсбург, кој сега има 97 години, е еден од малкутемина што се сеќаваат на Австро-Унгарија (неговиот татко Карл беше последниот цар и ја изгуби власта кого Ото имаше шест години). Тој не тагува по смртта на тој свет: ослободен од дворскиот протокол, вели дека може некого да го нарече „идиот“ ако тоа го сака. Неговата ќерка може да увиди дека германскиот дипломатски протокол не е толку

либерален. (Економист)


#
Статијата е прочитана 896 пати.

Испрати коментар

Од: RND
Датум: 19.04.2010 14:28:34
Od vitalno znacenje za nas e koj ke bide amabasador na treta zemja vo Germanija.... Nasive polupismeni ambasadori ja zavrsija nivnata rabota - taka da sega mozeme da se zamarame so ostanatite vo svetot.....

Најди! во Утрински
Свет
Над 1.700 жртви во земјотресот во Кина
Полјаците се простија од Качињски
Христијанството на смртна постела
Германија веќе не е спасител на ЕУ
Референдум за членство на Турција во ЕУ?
За државјаните на ЕУ влез со лична карта
Бугарија ќе ја кастри армијата за третина