Референдум за членство на Турција во ЕУ?
СофиЈа - Бугарската вонпарламентарна националистичка партија ВМРО-бугарско национално движење (ВМРО-БНД) поведе иницијатива за собирање потписи за организирање референдум на кој Бугарите би се изјасниле против прием на Турција во Европската унија. Организаторите на иницијативата најавија дека планираат да ги соберат неопходните најмалку 200.000 потписи за распишување на референдумот. Пунктови за собирање потписи ќе бидат отворени во поголемите бугарски градови, а заинтересираните ќе можат да ја поддржат иницијативата и преку Интернет.
Доколу партијата успее да собере доволно потписи за организирање референдум, тоа ќе биде прво плебисцитарно изјаснување во Бугарија по 1971 година. Бугарија стана членка на ЕУ во 2007 година, додека Турција, која од 1999 година е кандидат за членство, во 2005 година ги почна пристапните преговори со Унијата. (МИА) |