Бугарија ќе ја кастри армијата за третина
СофиЈа - Бугарија планира сериозно намалување на бројноста на својата армија, со цел да се постигне нејзина поголема оптималност, најави бугарскиот министер за одбрана Ању Ангелов.
Според него, бројот на припадниците на бугарската армија ќе се намали за 33 отсто, при што најмногу на удар ќе се најдат високите командни структури
на сите родови на вооружените сили.
„Важно ни е да создадеме ефикасна активна структура со малку луѓе, а не да имаме демотивирани припадници на војската што цел ден пијат кафе“, нагласи Ангелов.
Тој најави дека во текот на август до бугарското собрание ќе достави „бела книга“ за реформите на вооружените сили, со кои ќе се предвидува до 2015 година да бидат укинати десетина единици.
Од 2004 година Бугарија е членка на НАТО. (МИА) |