На јавната сцена господ се почесто е заменет со современата икона „материјалист“
Христијанството умира. Некогаш беше бастион на западната цивилизација, а сега мизерен остаток од неговата поранешна големина. На Запад е во целосно повлекување.
Скандалот со сексуално злоставување ја разорува Католичката црква и лично го оцрнува папата Бенедикт Шеснаесетти. Англиканската црква е исцрпена, губејќи ги членовите, бидејќи потклекнува на либералните ветришта за правата на хомосексуалците. Многу протестантски деноминации ги напуштаат нивните верувања и ревносен мисионерски ентузијазам, прифаќајќи елегантен екологизам и разводнет социјализам како евтина замена за традиционалното евангелие. Европа, античкото упориште на христијанството, е трансформирана во секуларна неопаганска култура. За Европејците, Господ е мртов; тој е заменет од човек-материјалист.
Секуларниот бран, исто така, ја погоди и ја совлада Америка. Од 1960 години, САД се жртвата на сексуалната револуција, што го величи хедонизмот и личното ослободување. Порнографија, абортус, хомосексуалност, промискуитет, епидемија на сида, зголемен број вонбрачни деца, високи стапки на развод и распаѓање на семејството - тоа се затруените овошја на плејбој-филозофијата. МТВ моралот е во тренд; Исус е аут.
Војната што ја водат либералите против христијанството, сепак, премина на ново, поопасно ниво - што граничи со благ тоталитаризам. Неодамна, градот Девенпорт, Ајова, го тргна Велипеток од општинскиот календар. Комисијата за граѓански права од Девенпорт се обиде да го смени името на празникот, во име што е помалку “раздорно“ и поекуменско - Празник на пролетта. Градските администратори нагласија дека прославувањето на Велипеток го нарушува одделувањето на Црквата и државата. По метежите на налутените христијани, градскиот совет реши да го воскресне името Велипеток. Мултикултурните секуларисти во Девенпорт се поразени - засега.
Сепак, левицата е решена да ги искорени христијанските празници и симболи од општеството, да ги уништи традиционалните вредности и да ги закопа христијаните под земја, со бирократски диктати и масовна пропаганда. Резултатот е ист. Христијанството постепено се отстранува од јавниот плоштад. Прославите за Божик станаа навредливи. „Среќен Божик“ сега се смета за политички неточно; соодветниот поздрав е „среќни празници“. Десетте заповеди не може да се прикажуваат во судниците или во училниците. Во јавните училишта е забранета молитва. Христијаните редовно се исмевани во филмовите и на телевизија. Парите од даночните обврзници се користат за да се субвенционира „уметност“ што го прикажува Христос на непријатен начин. Холивуд снима филмови - како што е „Ангели и демони“ - во кој Католичката црква се претставува како репресивна, злокобна и примитивна институција. Истите стандарди не важат за исламот. Мултикултуралистите на Девенпорт никогаш не би се осмелиле да го отстранат, да речеме, Рамазан од календарот и да го преименуваат во „Месец на пост“, поради страв дека ќе ги навредат муслиманите и можеби ќе предизвикаат фатва.
Христијаните, сепак, се лесна мета. Тие не веруваат во џихад или самоубиствени напади. За разлика од радикалните исламисти, тие се залагаат за владеење на правото и за човековите права. Тие го прифаќаат прогонството - дури и прогонство одобрено од државата - како дел од нивната религиска тежина. Либералите сфаќаат дека христијанството е вистинска „религија на мирот“. Тоа е причината зошто тие не се плашат систематски да го оцрнат.
Фундаменталните слободи доаѓаат од Господ семоќниот - а не од државата. Тоа е причината зошто поединечните права - на живот, слобода и сопственост - се суштински бедеми против владината моќ: Кога Америка ќе го изгуби својот христијански идентитет, неизбежно ќе ги изгуби своите слободи. Христофобијата ја формира основата на модерниот либерализам. Левоориентираните прогресивци се решени да ги уништат традиционална Америка и нејзините антологиски институции - уставот, капитализмот, националниот суверенитет и семејството. Поради тоа, тие прогласија војна против христијанството. Ако христијаните не се разбудат од апатијата и не ги пополнат идеолошките барикади, повторно ќе бидат вовлечени во катакомби. Мора да се идентификува една од последните прифатливи форми на нетрпеливост и омраза: христофобијата. Нашето право да го прифатиме христијанството не е помало од нивното право да прифатат перверзен стил на живеење. (Вашингтон тајмс)
neznam od kaj ste go prepisale tekstov i bez avtor,ednostavno se e izmisleno ,a nekoi raboti i mora da bidat taka ,kako na pr molitvi vo ucilista ,zatoa sto ziveeme vo 21 vek ,odime kon 4 denzitet,izgleda svesta na lugeto se usovrsuva , bog ne e vo crkavata ,bog e vo nas i okolu nas ,nasekade vo univerzumt,bog e energija ,sto vikame sila ,no crkvata(crkvenite licnosti) uci pogresno uste od nejzinoto postoenje samo radi moc , i useuste kaj nas ima tolku prost narod koj ne ni znae sto e bog,sto e crkva i gi finansira tie mocnici vo crkvata ,zemete pr. samo so Stefan ,sirete ljubov i dobrota zosto bog e ljubov ,crkva ne vi treba
Од: stevo bojler
Датум: 19.04.2010 01:58:10
Hristijanstvoto nikogas nemoze "da bide mrtvo", zosto Hristos go drzi vo zivot kako glava negova. Zasekogas. A Hristos znaeme, a i go praznuvame denovive, voskresna. Sto znaci e ziv, isto kako sto se i negovata crkva hristova i vera hristova zivi. Mozebi isceznuvaat nekoi hristijanski de-nominacii na celo so Rim koi i onaka se "umreni" oddamna poradi prokletiot nivni eres i otpadnistvo vo koe se naogjaat.
Од: sirma vojvoda
Датум: 19.04.2010 03:11:16
po cena na mojata glava na mojot zivot nikogas ama NIKOGAS!!!!!nema da se otkazam od hristijanstvoto ova sto e napisano blage veze nema ve molam UTRINSKI so golem respekt prema vas kako najugleden pisan medum vo Makedonija da ne objavuvate vakvi tekstovi NIKOGAS poveke
Од: Toronto
Датум: 19.04.2010 03:46:56
Ja sum vo Canada i ovaa statija ja otslikuva realnosta vo Sev. Amerika i vo celiot zapaden svet.Bas za ovoj Bozik komentiravme so kolegit i menadzerot na rabota zosto si cestitame Srekni praznici koga e Bozik. Odgovorot bese za da ne gi navredime drugit e religii.....ne znam ama drugite religii za kurban-bajram ne si cestitaat so Srekni praznici.
Од: Игор
Датум: 19.04.2010 10:48:17
21 век е. Но тој што не му се допаѓа тоа нека се затвори во пештера, нека живее аскетски и нека се моли по цел ден.
Може и да си замислувате дека земјата е рамна, дека сонцето се врти околу неа, а кога има затемнување на сонцето мислете си дека господ ве предупредува.
Од: snajper
Датум: 19.04.2010 11:19:41
ova e naj komunistickiot i naj stalinistickiot papa do sega izbran koj ja ima zadacata da go omalovazi hristijanstvoto. duri i vo apokalipsite e zapisano pred 2000 godini deka ke sedne satanata na bozjiot stol i prepraven vo 'jagneska koza' ke zapoveda deka toj e bog. (interesno kako seta simbolika se sovpaga, a napisano pred 2000 godini). Filmovite od tipot angeli i demoni se uste eden nus proizvod na komunistickata teorija na zagovor, koja vsusnost go pravi zagovorot, recesiite i aramilukot vo scetot. Pa ne za djabe imalo 2 svetski vojni protiv ova zlo, ama ocigledno deka ne e iskoreneto pa ke ima i treta po se izgleda.
Од: Јован
Датум: 19.04.2010 11:59:36
Мора да бидеме христијани како што треба или сме или несме.1000 години бевме едно,нашите светители беа маченици и не помислуваа на поделба на Црквата и христијаните,они се симбол на жива вера каква што сме,затоа и сега има свети мошти.Христијанството е единствена вистина и само Крстот го победил ѓаволот,ништо друго.Затоа и велам дека на демонот најмоќни оружја сега се исламот,хомосексуализмот,педофилијата....,само ние сметаме сите други му служат,да не ги заборавам старите фаризеи,кои се заколнаа на проклетство.
Од: Alek
Датум: 19.04.2010 13:31:45
A da ja preprocitame uste ednas evolucijata na covekot.
Parite sto gi davav vo crkva sea gi davam na luge za korka leb. Nemozam da prifatam deka ako gi ostavam vo crkva istite ke odat vo nekoj dzip za vladicite, ili za nekoj Izgrev, ili da gi polnat mevovite zatoa se tolku debeli ne im e od post i sl.
Од: ismet
Датум: 19.04.2010 15:21:17
isus ke se vrati vo zemjata ke go ubije degalot toa e antikristot ke go skrsi krstot i ke ja ubije svinjata koga ke se4 pojavi nikoj nema da znae deka on e e isus ke se vrati kako musliman i ke umre kako musliman.barajte ja vistinata isus nikogas ne e ubien on e pokraj Gospod se do denot koga ke se vrati vo zemjata, a ti j0ovane nemoj da pravis takvi sporedbi so islamot ,se znae i se vide koj se bavi so homoseksulanost i pedofilija i red drugi zlobni stvari
Од: еснаф турчин
Датум: 19.04.2010 16:31:48
Се извртеа работите во овој свет и затоа ни се случува ова. Бог е еден, единствен за сите. Кај нас испаѓа некој да е Христијанин само затоа што не е муслиман или обратно.Црквата и “џамијата“ кои треба да се места каде луѓето ќе му се доближат на Бога (Зборот џамија има исто значење како “собор“) со тоа што ќе се собираат за да се молат и да се присетат за Неговото постоење, а со тоа и на “човечката“ должност да му помогне на ближниот свој (не само како род туку, и тој што живее до него а не е од “неговите“) како Благодарност за самото постоење. Ова и не ме чуди затоа што сето ова е опишано во Божјето слово и “времето дојде“ (намерно го пишувам по овој редослед). И кога би изградиле цркви и џамии на секои 100 метри не би го промениле “Човекот“ затоа што тој тргнал “по својот“ пат, спротивно од патот кој го опишал Бог. Гледајте ѓи “богатите“ (со пари) од сите религии и нема да видите разлика во нивното однесување. За поголем дел од нив парите се “Бог“ односно, они се “Богови“